Шифра |
Ознака на исписот |
Активно |
Ако не е означено исписот нема да биде достапен за употреба. Предефинирани исписи не мое да се избришат, туку овде само да се оневозможат. Надградбите не влијаат на оваа опција. |
Назив |
Описно име на исписот до 30 карактери. |
Стандарден печатар |
Се одбира стандарден печатар. Се однесува само на ПОС доколку е поставено D-Directly. |
Предпреглед на исписи |
Се одбира доколку се сака преглед на исписот што се печати. Ако не е одбрано исписот веднаш оди на печатење. |
Испис во TEXT |
Се одбира доколку се сака извоз на исписот во ASCII формат .txt датотека, која може да се печати на матричен печатар или обработи понатаму. Датотеката ќе се креира во коренскиот фолдер на вашиот компјутер (вообичаено c:\) и со име [ReportName].txt.
Оваа опција се однесува само на издадени фактури и товарни листови. |
Замена на предзнакот на количината |
Се одбира доколку се сака количината на исписот да има негативен предзнак (пр. за позитивни кредитни износи). Не се однесува на сите исписи. |
Кратенка |
Се избира кратенка за испис од паѓачката листа. |
Број на копија |
Колку копии од исписот стандардно ќе се печатат. |
Испис на нивоа на спецификација |
Колку нивоа исписот треба да вклучува. |
Испис без податоци |
Се избира што ќе се превземе кога нема податоци за исписот.
- Испис - Генерира празен испис, т.е. се прикажува само статична информација, наслов, глава, подножје, назив на колони.
- Известување - Прикажува порака "Нема податоци во исписот!", вклучително шифра и назив на исписот (види нема податоци за испис).
- Без - наставки - Не се превзема акција. Се продолжува со работа како ништо да не се случило.
|
Сортирање |
(опционално) Дефинира редослед на сортирање со внесување една или повеќе колони, според кои ќе се сортираат податоците. Внесеното овде го заменува внесеното во SQL условот ORDER BY.
Види дневник на книжења за примери за сортирање. |
Тип на исписи |
Одредува каде во PANTHEON исписот ќе биде достапен. Предефинираните исписи тоа го имаат одредено.
Исписите што се од исти тип се појавуваат заедно во иста група/листа на исписи. Видете како пример клонирање исписи и менување тип на исписи. |
Испис на корисникот |
Внесена шифра што спречува приказа на лиценциран корисник и шифра на исписот. Шифрата може да се постави да биде валидна за до 10 исписа. |
В.док. каде исписот не е активен |
Избор на еден или повеќе типови на документи каде исписот нема да биде достапен.
Пр. доколку не сакате исписот 241 да биде достапен за тип на документ 310, овде се внесува 310. |
 |
Клонирање на тековен испис, т.е. креирање нов испис идентичен на клонираниот, само со нова шифра. Спротивно, креирање нов испис со копчето Нов запис креира празен испис, без никаква релација со претходниот испис. |