Вид на документ |
ЗАДОЛЖИТЕЛНО изберете го видот на документот врз основа на кој ќе ги раскнижите ПОС сметките . |
Датум на документ од |
Листата на документи може да биде ограничена во однос на почетниот датум на ИСПОРАКА на добрата . |
(Датум на документ) до |
Листата на документи за книжење може да биде ограничена во однос на крајниот датум на ИСПОРАКА на добрата . |
Купувач |
Листата со документи може да биде ограничена на поединечен купувач . |
Конто за позитивни паритетни разлики |
(кај првото книжење) Внесете го контото за книжење на позитивни паритетни разлики . |
Конто за негативни паритетни разлики |
(кај првото книжење) Внесете го контото за книжење на негативни паритетни разлики . |
Максимум парско порамнување |
(кај првото книжење) Овде го внесувате максималниот можен износ што го имате прокнижено на контото парско порамнување. Ако износот на паритетни разлики е поголем од избраниот износ, тогаш програмот ќе јави грешка во книжењето. Покрај тоа, и фактурата нема да биде прокнижена . |
Статус на документ |
- ако сакате да ги прокнижите сметките, треба да го означите статусот Некнижени
- ако го означите статусот КНИЖЕНИ повторно се книжат документите кои имаат таков статус , а воедно првичниот налог за книжење се менува и се креира нов налог .
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНО СО АВТОМАТСКО КНИЖЕЊЕ НА ВЕЌЕ ПРОКНИЖЕНИТЕ СМЕТКИ : кај автоматското книжење на ПОС сметки се книжи збирниот дневен промет . Ако изберете документи за книжење од било кој ден, а потоа за книжење означите само дел од документите, останиот дел ќе остане НЕКНИЖЕН, бидејќи првичниот налог за книжење во целост е сменет.
|
Книжење |
Кога ќе ги изберете критериумите за креирање на листата со сметки за книжење кликнувате на ова копче. Прикажана е листата со документи која одговара на избраните критериуми. |