Поз. |
Произволен внес за броеви за посебно означување на бројот на работниот налог, пр сотрирање по колони. Редниот број на работниот едноставно можеме да го креираме со следните функции:
- Распоредување РН по време не циклус
- Распоредување РН по почетен термин
- Распоредување РН по краен термин
Функциите се наоѓаат во менито од волшебникот Обработка на РН. подмени Терминирање на РН
|
РН |
Се прикажува бројот на работниот налог. Се формира автоматски при креирање на работниот налог. Првите два броја ја претставуваат годината на креирање на РН, следните знаци го претставуаат видот на документ на РН, преостанатите броеви го претставуваат редниот број на отворениот работен налог
|
Вид на документ |
Се прикажува видот на документот за производство за тој работен налог |
Датум |
Се прикажува датумот на отварање на РН |
Нарачател |
Се прикажува шифрата на нарачателот за тој РН |
План |
Се прикажува бројот на планот од кој е креиран РН |
Нарачка |
Се прикажува бројот на нарачкарта од кој е креиран РН |
Нар.Поз |
Се прикажува бројот на позиција од нарачката на купувачот која е поврзана со РН
|
Почетен термин |
Се прикажува или се внесува датумот на почеток на изработка на работниот налог. При рачен внес на почетниот термин се извршува контрола, која проверува дали внесениот термин е работен ден во календарот на производство. во случај на грешка се појавува следното известување

Приказот на податоците за почетен термин зависи од подесувањето во делот Терминирање, кој се наоѓа во Администраторка конзола/Подесувања/Параметри на програмот/Производство/Основни податоци.
|
Краен термин |
Се прикажува или внесува датумот на краен рок на изработка на работниот налог. При рачен внес на крајниот датум се извршува контрола, која проверува дали внесениот термин е работен ден во календарот на производство.Приказот на податои за краен термин зависи од подесувањето во делот Терминирање, кој се наоѓа во Администраторска конзола/Подесувања/Параметри на програот/Производство/Терминирање
|
Производ |
Се прикажува шифрата на прозводот кој се произведува во РН |
ОС |
Прикажува дали производот кој се изработува има основна спецификација |
ПС |
Прикажува дали постоечкиот работен налог има планска спецификација |
Планирана количина |
Се прикажува планираната количина на производот на работниот налог. При ажурирање на планираната количина и при вклучена опција Автоматска промена на планираната количина на подредените работни налози се извршува промена на планираната количина на сите подредени
|
Изработена количина |
Се прикажува веќе изработената количина на тој РН |
Статус |
Се прикажува статусот на РН |
Сторно |
Означува дали работниот налог е сторниран. Ако е штиклирано полето тогаш работниот налог е сторниран, во спротивно работниот налог е активен |
Датум на креирање |
Се прикажува датумот на креирање на РН |
Назив |
Се прикажува називот на производот кој се изработува на РН |
Вид на идент |
Се прикажува книговодствениот вид на производот кој се изработува на РН |
Примарна класификација |
Се прикажува примарната класификација на производот кој се изработува на РН |
Секундарна класификација |
Се прикажува секундарната класификација на производот кој се изработува на РН |
Примател |
Се прикажува шифрата на примателот на производот на РН |
Над.Н |
Се прикажува бројот на надредениот РН
Со кликање на полето на надредениот РН, се отвара опаѓачко мени, каде рачно го одбираме надредениот РН. По измената се изменува и планираната количина на надредениот работен налог исто така се прикажува и структурата на работниот налог
|
ВИ |
Се прикажува вкупното време на изработка на РН, кој претставува збир на времето потребно за завршување на сите операции на РН, без обзир на редоследот на операции, смените помеѓу операциите и капацитетот на ресурсите
|
ПИ |
Се прикажува времето на циклус на РН, што претставува реално работно време, кое започнува од почетокот на првата операција на РН па до завршувањето на последната операција на РН. Времето на циклусот зависи од редоследот на операциите, одложувањата и капацитетите на ресурсите.
|