Средување индекси






Индексите автоматски се одржуваат за време на операции како што се: вметнување, бришење, ажурирање... Со текот на времето, индексите може да се фрагментираат (расфрлаат) бидејќи логичката низа на листови врз основа на клучната вредност не се совпаѓа со физичката низа во самиот индекс. Ако фрагментацијата е голема, може да ги намали перформансите и одзивот на програмата.
Панелот Средување индекси овозможува управување со фрагментација на индексите, уредување на исчезнатите/непотребните индекси, создавање примарни клучеви и прегледување на дневници.
До функционалноста се пристапува преку панелот Перформанс во Администраторската конзола.

Формата е составена од одредени панели, кои се опишани подолу.
- Избор на база - прикажува листа на сите бази на податоци на серверот за кои сакаме да управуваме со индексите.
- Фрагментација - овозможува прегледување на фрагментација на индексите и вршење на дефрагментација.
- Недостасувачки/Дополнителни индекси - дозволува пребарување, создавање индекси што недостасуваат и прегледување на непотребни индекси.
- Примарни клучеви - овозможува пребарување и креирање примарни клучеви во базите на податоци.
- Логови (исто така надградба) - собира грешки за време на надградбата и грешки при креирање (несоздавање) примарни клучеви од претходниот таб што се евидентирани во дневниците.