Тековен корисник
Со оваа функција може да се најавите како различен корисник или да се заклучи PANTHEON без да се затвори од неавторизирани корисници Кратенка со тастатурата е CTRL + U.
 |
Екранот за најава секогаш се прикажува при старт на PANTHEON
|

Во центар под сликата е прикажана верзијата на PANTHEON.
Автентикација |
SQL Server или Windows автентикација. За да се користи Windows автентикација мора да има корисник во Pantheon со име што го има во Windows околината: user или domain name\user. |
Корисник |
Име на корисник. |
Лозинка |
Внос на лозинка на корисникот. |
Претпријатие |
Избор на претпријатие и базата на која ќе се најавите.
Името на претпријатието е прикажано во програмските параметри Основни податоци. Базата на која се однесува е прикажана во загради.
Списокот прикажува претпријатија и бази кои се запишани во PANTHEON INI фајлот.
Прикажани се само базите за кои сте авторизирани.
Со клик на копчето Освежи се прикажува списокот на претпријатија.

Доколку претпријатието/базата не се прикажани на списокот, контактирајте го вашиот партнер за поддршка.
|
Освежи |
Со клик на ова копче се освежува списокот на претпријатија и нивните бази од податочниот сервер.
Списокот на претпријатија и бази на податочниот сервер се запишани во PANTHEON INI фајлот. |
Промени лозинка

|
Со клик на ова копче се прикажува панелот за промена на лозинка.
Потребно е да се внесе старата лозинка и два пати новата, вториот пат за потврда. |
Сервер |
Име на податочниот сервер на кој се поврзувате. Тој е запишан во PANTHEON INI фајлот. |
База |
Име на базата на која се поврзувате. |
Станица |
Име на работната станица од каде се стартува PANTHEON. Ова поле е видливо само ако претходно сте се најавиле и сте го отвориле панелот за најава во PANTHEON, или ако е поставен на станицата параметар на командната линија. |
Пријави се |
Со клик на ова копче се најавувате со внесеното корисничко име и лозинка за избраното претпријатие. |
Заврши |
Со клик на ова копче се излегува од PANTHEON. Се јавува порака за потврда дека сакате да излезете од програмот. |
Можни грешки:
- Внос на непостоечки корисник или неточна лозинка се добива порака
- После потврдата се враќате на екранот за најава.
- Внос на лозинка која е пократка од дозволената минимална должина (се поставува во параметри на програмот Општи податоци) ја дава пораката Лоизнката е прекратка:
- Ако не е внесен корисник ја дава пораката:
Не може да се најавите без да се внесе корисник и точна лозинка.