
Детален преглед
Креираните сметки можат да се прегледаат во модулот Велепродаја и услуги на различни начини. Во зависност од начинот на прикажување, ги разликуваме собраниот и детален преглед.
Во оваа глава ќе ви ја претставиме функционалноста на детален преглед на сметката, која овозможува подетално прикажување на податоците, кои се наоѓаат на самиот документ.
 |
опис на случајот
Одговорната личност сака детално да ги прегледа сите издадени сметки. При прегледот сака сметките да ги класифицира по идентитети, по видови документи и по касиерот. Тоа ќе го направи на следниот начин:
1. ООтворање на списокот на сметки детален преглед
2. Класифицирање на сметките по критериуми:
2.1. Пребарување
2.2 Вид на документот
2.3 Подетален преглед
|
| |
|
1. Отворање на списокот на сметки детален преглед
Одговорната личност сака да го отвори списокот на сметки во детален режим на преглед. Тоа ќе го направи така што ќе кликне на модулот Велепродаја и услуги | Список на сметки и ќе избере Детален преглед.

 |
СОВЕТ
-
Списокот на сметки секогаш се прикажува прво во Собраниот режим на преглед, а со клик на него се префрлате на Детален преглед.
-
Кои колони сакате да ги имате за прикажување во Деталниот преглед, автоматски ги избирате со клик на копчето Скриј/прикажи колони во главата на табелата.
|
2. Класифицирање на сметките по критериуми
Одговорната личност сака списокот на сметки во детален преглед да го класифицира по идентитети односно прегледот да го направи по идентитетот indian1, а потоа по видот на документот и касиерите. По чекорите ќе ви покажеме како одговорната личност ги уредува критериумите за да добие посакуван список на документи.
2.1 Пребарување
Одговорната личност прво ги класифицира документите по избраниот критериум за идентитет: Indian1.
-
Во полето Пребарување во нашиот случај го внесува името на идентитетот: Indian1.
-
Програмата на списокот на детален преглед класифицира само документите кои содржат идентитет Indian1.
-
Во подножјето на списокот програмата прикажува износот на вредноста на документите, во зависност од внесениот критериум.

2.2 Вид на документот
Одговорната личност сака од целокупниот список на издадени сметки да прегледа само оние кои имаат вид на документ 3000 - Продажба.
-
Во полето Вид на документот одговорната личност од паѓачкиот список во нашиот случај избира: 3000 - Продажба.
-
Програмата на списокот на детален преглед класифицира само документите кои имаат вид на документ 3000.
-
Во подножјето на списокот програмата прикажува износот на вредноста на документите, во зависност од внесениот критериум.

2.3 Подетален преглед
Во продолжение, одговорната личност сака да ги прегледа документите, креирани по различни касиери.
МАНКУВА СЛИКА ЗА КЛАСИФИЦИРАЊЕ ПО КАСИЕРИ и завршен текст.
 |
СОВЕТ
Можете да користите повеќе критериуми истовремено и на тој начин да го ограничите опсегот на барани документи за преглед. Горните примери се само прикажани опции.
|