Кориснички подесувања за евиденција на време

За правилно функционирање на Евиденција на време и активирање на часовникот во PANTHEON Web Light, прво мора правилно да го поставиме корисникот на основата во PANTHEON.
 |
ВНИМАНИЕ
Часовникот може да го активира само регистриран корисник во регистарот на вработени (шифрарници) и ја има базата на податоци PANTHEON во Персоналната мапа. Со избирање на истиот контакт како во Авторизации на корисници.
|
Во ова поглавје, ќе ви покажеме пример на кориснички подесувања за правилно функционирање на Евиденцијата на време во PANTHEON Web Light.
 |
ОПИС НА ПРИМЕРОТ
Одговорното лице би сакало да ги постави потребните подесувања за активирање на часовникот и правилно функционирање на евиденцијата на време во програмата PANTHEON Web Light за корисникот Ненад Набавки. Во програмата PANTHEON, ги уредува потребните подесувања за корисникот во Персоналната мапа и Администраторската конзола. Тоа го прави следејќи ги овие чекори:
1. Подесувања во Персоналната мапа
2. Подесувања во администраторската конзола
|
1. Подесувања во Персоналната мапа
Одговорното лице сака функционалноста Евиденција на време правилно да функционира и да активира часовник во PANTHEON Web за корисникот Ненад Набавки. Лицето за контакт на корисникот може претходно да се постави.
Во програмата PANTHEON избира Кадри | Персонални мапи.
Кликнува на копчето
во лентата со алатки.
Од листата на корисници избира: Ненад Набавки.

Се отвора Персонална мапа на корисникот на Ненад Набавки.
Во полето Лице за контакт, избира лице за контакт од паѓачката листа: Ненад Набавки.

Кликнува на копчето
од лентата со алатки за да ја зачува промената.
Продолжува со избирање на истото лице за контакт за корисникот Ненад Набавки во администраторската конзола во програмата PANTHEON.
2. Подесувања во администраторската конзола
Одговорното лице во програмата PANTHEON избира Подесувања | Програм | Администраторска конзола.
Во административната конзола со кликнување на копчето
ги избира следните менија Корисници и групи | Корисници и корисникот: PURCHASE - Ненад Набавки.

Во полето Субјект, го избира деловниот субјект на корисникот од паѓачката листа: Текта ДОО.

Во полето Контакт лице / Референт го избира корисникот од паѓачката листа: Ненад Набавки.

 |
ВНИМАНИЕ
Ако во Персоналната мапа во програмата PANTHEON, контактното лице не е избрано, часовникот нема да се активира.
|
Со кликнување на копчето
во лентата со алатки, се зачувува промената.