Внос на повеќекратник
Внос на повеќекратник
Со параметрот Внос на повеќекратник во Подесувања| Иденти | Основни податоци избираме начин на контрола на конверзијата од првата мерна единица во втора (збирна) мерна единица. Втората мерна единица служи за пресметка на пакети во случај кога количината во примарната мерна единица не е делива со збирната мерна единица. Бројот на пакети се пресметува врз оснава на поставките Подесувања | Материјално | Основни податоци, во полето Начин на пресметка на пакети.
Пример:
- Ако за идент со шифра 2 во шифрарникот на иденти внесеме прва мерна единица ПАР, втора мерна единица ПАЛЕТА, а конверзија 100.
- Во Подесувања | Материјално | Основни податоци сме избрале за Начин на пресметка на пакети 2 - ЕМ 2.

- Во позицијата на документот внесуваме количина 99 ПАР.
Пресметка и пораки при различни поставки на параметарот
Н - Нема контрола
Кај оваа вредност, програмот не контролира дали внесената количина е соодветна со конверторот. Дозволува внос на ред а бројот на пакети се пресметува во однос на поставките во Подесувања | Материјално | Основни податоци за Начин на пресметка на пакети.

O - Предупредување
Кај оваа вредност, програмот контролира дали внесената количина е соодветна со конверторот. Ако не ја добиваме следната порака:

И покрај тоа програмот дозволува продолжување на вносот и креирање на документот. Бројот на пакети се пресметува во однос на поставките во Подесувања | Материјално | Основни податоци за Начин на пресметка на пакети.

П - Забрана
Кај оваа вредност, програмот контролира дали внесената количина е соодветна со конверторот. Ако не ја добиваме истата порака како во претходниот случај, меѓутоа програмот нема да дозволи внос на позицијата во документот.

За да се продолжи со внос, мора да ја внесеме количината које ќе биде повечекратник на конверторот (во примерот 100).
