Гранула Документи и задачи

Добре дојдовте во техничкиот водич за Гранула Документи и задачи!
Гранулата Документи и задачи е дизајнирана да може да пристапи до документацијата на компанијата од вашиот мобилен уред каде било и во секое време.
Користејќи ја камерата на својот телефон или таблет, вашите вработени кои работат на терен можат брзо да прикачат документи во архивата, кои се видливи за сите други корисници на PANTHEON од следниот момент.
Во исто време, задачите ви дозволуваат да одобрувате документи од теренот.
 |
ВНИМАНИЕ
- За активирање на Гранула за документи и задачи ве молиме погледнете го поглавјето PANTHEON Гранули и активирање.
- PANTHEON Гранулите се прилагодени за употреба на мобилни уреди.
- Стандардно, Гранулите ги прикажуваат само податоците на најавениот корисник. Приказот на податоците може да се промени во секое време со овластувања.
- Специфичното лого и име на ганулите во главното мени се видливи доколку корисникот му е доделена една Гранула. Во случај на неколку доделени Гранули на корисникот, главното мени покажува генеално лого на Гранули.

|
Овој водич ги опишува поединечните предметни области за Гранула Документи и задачи. Овде ќе најдете и описи на поединечни форми, предефинирани полиња, копчиња за функции итн.

Во Гранула Документи и задачи се наоѓаат следните панели:
Документи |
Целата документација на компанијата е безбедно зачувана во архивата со документација. Модулот Документи ви овозможува да добиете преглед на документацијата. |
Задачи |
Модулот Задачи ви овозможува брзо одобрување документи.;
|
 |
ВНИМАНИЕ
Доколку менаџерот сака да ги одобри барањата за отсуства, потребно е и тој да ја има гранулата за евиденција за работа за да ги внесе отсуствата во календарот за отсуства. Во спротивно, нема да може да се одобрат барањата.
|
 |
СОВЕТ
Ако сакате да видите како одредена функционалност во Гранула Документи и Задачи се користи, погледнете практични примери во корисничкиот прирачник за Гранула Документи и Задачи.
|