Креирање работни налози преку термински план

Креирање РН преку терминскиот план го претставува последното ниво на процесот на планирање и почетокот на процесот на производство на производот. Опцијата да креираме РН преку термински план ни овозможува брзо да ги пренесеме податоците што ги утврдивме во процесот на планирање на работните налози.
Во примерот подолу, ќе го илустрираме креирањето и прегледувањето на работните налози од терминското планирање во PANTHEON.

 |
ОПИС НА ПРИМЕРОТ:
По планирањето, Петар Производител сака избраните позиции да ги пренесе во работните налози и со тоа да го започне процесот на изработка на нарачаните производи. Ќе ги избере сите позиции од планот, ќе го постави типот на документот 6000 - Производство и ќе ги креира на работните налози. По креирањето, со алатката за преглед го проверува статусот на штотуку создадените работни налози. Тоа го прави според следнава постапка:
- Отварање на терминскиот план
- Отварање на прозорецот за креирање РН преку терминскиот план
- Избор на позиции за трансфер со критериуми
- Креирање РН преку терминскиот план
- Преглед на работните налози
|
1. Отварање на терминскиот план
За да се отвори терминскиот план, одговорното лице прво избира Производство | Планови и тип на документ HP10 - Месечен план – Нарачки и на тој начин се отвора формулар со месечни планови за производство. Со избирање на копчето (Барај по) во командната линија се отвора пребарувач. Избира план 20-HP10-000001 План јуни 2022 година, кој го создадовме во примерот Креирање план.
За да го отвори терминскиот план од избраниот месечен план, избира
(Волшебник) и Терминско планирање.

Се отвора веќе создаден Термински план HP10-000002.
2. Отварање на прозорецот за креирање РН преку терминскиот план
За да го отвори прозорецот за Креирање РН преку термински план одговорното лице избира
( Волшебник) и од паѓачката листа Креирај РН.

Кога ќе се отвори прозорецот, во Креирање РН преку термински план се пренесуваат позициите на полупроизводите и производите од Терминскиот план.
3. Избор на позиции за трансфер со критериуми
Позициите префрлени во прозорецот за Креирање РН преку терминскиот план може дополнително да се филтрираат со избирање критериуми во формуларот пред да се креира планот.
Во делот Критериум, одговорното лице го избира прекинувачот Креирање на РН само за некреирано и на тој начин осигурува дека создава РН само за позиции кои сè уште не се објавени како работни налози.
Не избира други критериуми, бидејќи сака да креира РН за сите позиции од планот.
Во делот Начин на креирање, избира тип на документ 6000 – Производство и со тоа одредува кои типови документи ќе се креираат за работни налози.
Датум на РН е стандардниот датум на создавање и може да се менува по желба.
Ги маркира копчињата Пренос на алати, Пренос на прописи, Пренос на помали алати и Кало/Растур за да ги пренесе овие податоци на работните налози.
Во делот Вид артикли , лицето го избира типот на идент на позицијата за коишто сака да бидат префрлени во работните налози. Со избирање на сите иденти се осигурува дека сите позиции од планот се префрлени.
Откако ќе ги избере сите критериуми, кликнува на копчето Освежи податоци за да го освежи изборот врз основа на избраните критериуми.
 |
СОВЕТ
Можете да прочитате повеќе за критериумите за избор на позиција во алатката за Креирање РН од терминскиот план ТУКА.
|
4. Креирање РН преку терминскиот план
Со избирање на прекинувачи до сите позиции, одговорното лице ги одредува позициите за префрлање на РН. Кога лицето е задоволно со изборот, создава работни налози со избирање на копчето Креирање и потврдува во прозорецот Потврда.

Се отвора прозорецот Креирање РН преку ТМП, кој прикажува податоци за креираните работни налози.
5. Преглед на работните налози
Создадените работни налози од Терминскиот план одговорното лице може да ги прегледа со избирање (Волшебник) и Прикажи РН.
Се отвора прозорец Термински план: 22-HP10-000002 – Преглед на РН, каде што се генерираат видливи податоци за работните налози од позициите ТМП.
Во овој прозорец, корисникот може да го следи статусот или износот на веќе направени позиции. Со избирање на копчето Освежи податоци се ажурираат податоците во прозорецот.

 |
Предупредување
Работните налози создадени од терминскиот план имаат статус Планиран при креирањето. Кога терминскиот план прави нови пресметки, поврзаните РН што не се во статус Понудено (или повисок статус) автоматски се бришат.
|