Увоз на субјекти

Волшебникот за увоз на субјкети има две нивоа:
- Преземање на шаблонот за увоз
- Увоз на субјекти – ви овозможува да увезете Excel табела (назад) во PANTHEON Web Light
|
1. Преземање на шаблонот за увоз
Преземање на датотека Excel, која ја пополнуваме со партнери и потребни податоци.

2. Увоз на субјекти
Со кликнување на копчето Увоз на субјекти се отвора нова форма:

Ја вчитуваме пополнетата Excel табела користејќи го методот Повлечи и спушти или кликнуваме на сивото поле, кое ќе отвори прозорец со истражувач каде што можеме да ја избереме нашата датотека.
Кога ја потврдувате избраната датотека со копчето Отвори, програмата ги прикажува увезените податоци. Податоците може да се менуваат, коригираат или додадат во привремениот приказ.
Ако програмата открие некомплетна табела при увоз, нè предупредува: во прозорецот каде што недостасуваат задолжителните податоци, се појавува знак за предупредување
. Во овој прозорец, коригирајте или пополнете ги податоците и продолжете со увозот.

Кога сите грешки или недостатоците се поправени, односно пополнати, се појавува 0 во полето Број на грешки и знакот X исчезнува во полето Статус.
Копчиња во лентата со алатки
Повторен увоз
|
Започнува нов процес на увоз.
|
Зачувај
|
Ги зачувува податоците од привремената табела во шифрарникот на партнери.
|
X (Излез)
|
Го прекинува процесот на увоз.
|
Заглавие
Прикажи само грешки
|
Ако овој прекинувач е овозможен, се прикажуваат само партнери (колони) со грешки или партнери со недостиг на податоци. Оваа функција е многу корисна при увоз на голем број податоци.
|
Бр. ажурирани субјекти
|
Го покажува бројот на партнери кои се веќе во шифрарникот и само ќе се ажурираат.
|
Бр. нови субјекти
|
Го покажува бројот на партнери кои сè уште не се во шифрарникот и се увезуваат за прв пат.
|
Бр. грешки во колоната
|
Го прикажува бројот на сите грешки во сите колони.
Онаму каде што недостасуваат задолжителни податоци од табелата (грешка), програмата ќе прикаже знак за предупредување !.
Откако ќе се исчистат сите грешки, броењето ќе се врати на 0.
|
Колони
Статус
|
Знакот x покажува дека има грешка во оваа линија. Кога ги коригираме грешките во секоја линија, знакот x ќе го снема од колоната Статус.
|