Внес на завршена работа
Input Completed Work
Input Completed Work
Со одбирање на Внес на завршена работа од менито за Производство, се отвара прозорец каде може да внесете податоци за завршена работа по операции за работен налог. Внесените податоци може да се видат во Преглед на работата.
Овде лесно може да се внесат неколку завршени операции по неколку работни налози. Слична е и функцијата Внес на завршена работа за индивидуални работни налози кога се ажурираат работните налози во Производство | Работни налози | Подготовка на работен налог.
Вообичаено информациите поврзани со работните операции се внесени во прозиводна спецификација (подготовка на работен налог).
Доколку е означено полето
Креирање на подготовка за работа во РН, може да се внесат и операции кои не биле предвидени во производната спецификација, но биле работени при изработка на работниот налог. Во овој случај панелот за внес добива малку поинаков изглед од оној кој е прикажан подолу.
Процедурата за внес почнува со одбирање на начин на внес - односно дали сакате да го означите полето за подготовка на РН или не. Следно е одбирање на работен налог за кој сакаме да го направиме внесот на операции. Потоа ја внесуваме операцијата која ќе се користи во извештајот. Одберете вработен и внесете ја завршената работа. Продолжете со внес на завршена работа од други работници за истата работна операција. За да ги зачувате внесовите, кликнете потврди (со кликање на штиклата од лентата со алатки) и со ова креирате внес на податоци во работниот налог. Одберете друг работен налог и повторете ја постапката.

Главниот прозорец за внес на завршена работа ги нуди следните полиња:
Работен налог |
Внесете број на работен налог за кој сакате да внесете завршена работа. Ова е првиот чекор при внес на завршена работа. |
Производ |
Го прикажува називот на производот за кој внесувате завршена работа. |
(количина) |
Ја прикажува количината на која е распишан налогот и единицата меркана идентот. |
Распишан |
Го прикажува датумот на кој е распишан работниот налог. |
Нарачка |
Го прикажува бројот на нарачка со која е врзан работниот налог. |
Креирање на подготовка за работа во РН |
Доколку е означено, при внес на операции ќе може да одберете операции од шифрарникот на иденти кои не се внесени во спецификацијата на производот на работниот налог. Доколку го одберете ова поле, изгледот на долниот панел малку ќе го смени обликот и редослед и ќе се разликува од она што ќе го видите во долниот дел од упатството. |
Подолу ќе ги видите следните полиња кои ги содржат овие информации:
Алтернатива |
Дава актернативни линии за работна операција. |
Поз. |
Прикажува број на линија на работна операција |
Оддел |
Одберете оддел поврзан со линијата во работниот налог која е заведена во Документи за промет. Кој оддел може да се одбере ќе зависи од тоа како е подесен програмот во документи за промет до што може да се пристапи преку Подесувања | Програм | Видови на документи | Работни налози. Може да направите промена на одделот по потреба.
Внес на ресурс соодветствувајќи со поставен сет на параметри:
- Регистар на ресурси --> во полето може да се внесе ресурс. Доколку полето го оставите празно, автоматски ќе се преземе вредноста за ресурс од работниот налог.
- Работен налог --> може да се внесе ресурс од работен налог.
Доколку е одбрано полето Креирање на подготовка за работа во РН, одделот од работниот налог ќе биде прикажан во ова поле.
|
Операција |
Ги прикажува шифрата и називот на работната операција. |
Нос.на трошок за операција |
Се прикажува носителот на рошок за операцијата. |
Ресурс |
Се прикажува избраниот ресурс на кој се извршува операцијата. |
Тпз |
Го прикажува подготвително-завршното време за операцијата. |
Тпн |
Го прикажува времето потребно за изработка на едно парче за одбраната операција. |
Вкупно време |
Го прикажува вкупното потребно време за производство (Тпз + Тн) потребно да се произведе количината предвидена во работниот налог. |
Време потрошено |
Го прикажува претходно внесеното време за оваа операција. |
Останато |
Го прикажува преостанатото време кое е резултат на разликата помеѓу вкупно потребното време и веќе потрошеното време. |
Потрошено |
Го прикажува времето кое е внесено при тековниот внес.
|
Застој
Се прикажува јазичето Застојако имаме можност да прикажеме дополнителни полиња за внес на застој за внесување на работа. Во ова јазиче, можете да внесете различни причини за застој што се јавуваат при извршување на работата за избраната операција.

ИД застој |
Внесете и прикажете ја причината за застој во извршувањето на работната операција |
Назив |
Приказ на називот на застој. |
Време |
Внесување на време на застој при изведување на работна операција. |
Отпад и поправки
Се прикажува јазичето Отпад и поправка ако сте ја одбрале опцијата за прикажување на дополнителни полиња во дополнителните полиња за внесување на работа. Во ова јазиче можеме да внесеме разни причини за отпад и поправки што се јавуваат при извршување на работата за избраната операција.
ИД отпад |
Внесување и прикажување на причината за отпадот за време на работната операција |
Назив |
Го прикажува името на избраниот отпад или поправка. |
Кол. отпад |
Внесете и прикажете ја количината за избраната причина за отпад. |
Кол.поправки |
Внесете и прикажете ја количината за да ја поправите избраната причина за отпад. |
Покрај внесот на основни параметри за операцијата, подолу може да го видите панелот за Преглед на работата. Кога го кликате, се отвара нов панел кој ги содржи сите дотогашни внесови за завршена работа.
Структурата на внесените полиња во кои внесувате завршена работа, зависи од следните параметри, а тоа се: "Почеток и крај на операцијата, Време (часови, минути, секунди), Добри/лоши парчиња, Застои, Видови заработка, Тип на време, Признаено време, Признаени парчиња, Тпз-Тн" во Параметри на програмот. Доколку истите не се одбрани, нема да се појават во долниот дел од панелот.
Долниот панел нуди 3 таба во кои може да внесете завршена работа:
Матичен број |
Внесете матичен број на работникот кој работел на оваа операција. |
Работник |
Одберете работник (или група работници) кој работел на оваа операција. Може да изберете само од работниците кои се водат како активни. |
Датум |
Внесете дата на издавање. Програмот произволно го пополнува полето со тековниот датум. |
Почеток |
За внесот се користи следната форма за покажување време: hh:mm:ss. |
Крај |
За внесот се користи следната форма за покажување време: hh:mm:ss. |
Време |
Времето е искажано во децимални вредности. |
Време (час) |
Времето е искажано во цели броеви кои се заокружени вредности. |
Време (мин) |
Времето е искажано во минути. |
Време (сек) |
Времето е искажано во секунди. |
Добри |
Го прикажува бројот на добро изработени парчиња при процесот на производство. |
Лоши |
Го прикажува бројот на лоши парчиња изработени при процесот на производство. |
Застои |
Го прикажува времето на застој во време кога требало да се извршува операцијата. |
Причина за застој |
Прикажува причина за застој доколку се појавил застој. |
Причина за отпадок |
Ја прикажува причината за отпадок кој се случил при процесот на производство. |
ВЗ |
Го прикажува видот на заработувачка кој се користи при процесот на производство, а истиот се подесува во Подесувања | Програм | Aдминистраторска конзола | Работни налози. |
Тип на време |
Прикажува типови на време.
|
Tн |
Прикажува време потребно за изработка на производ на одредена операција |
Тпз |
Прикажува подготвително-завршно време за одредена операција |
Призн. парчиња |
Прикажува количина на признати парчиња (изразени како "добри" и "лоши" како што беа спомнати погоре) во записите за завршена работа. |
Призн. време |
Прикажува признато време во записите за завршена работа. |
Цена на операцијата |
Прикажува цена за внесената завршена работа. |
Напомена |
Се внесува текст кој дав кратко објаснување за завршената работа. Може да се внесе со кликање на . Кога полето е пополнето, иконата се менува во . |
Следните полиња се достапни во долниот дел од панелот:
ОК |
Кликни за да го потврдиш внесот на завршена работа по операции. |
Откажи |
Кликни за да го откажеш внесот за завршена работа по операции. Со ова се брише внесот. |
Кога настанува на грешка при внес на податоци или кога треба да се потврди одреден внес, се појавуваат пораки на кои треба да се одговори за да се продолжи понатаму.
 |
Доколку е означена опцијата Ексклузивна обработка на РН, тогаш се регистрираат работните налози кои се процесираат. Во исто време се овозможува процесирање на само еден работен налог. Кога некој работен налог веќе бил процесиран, се појавува оваа порака. |
|
Додека не внесете број на работен налог, не можете да пополнувате податоци за завршена работа. |
|
Не смеете да користите друг метод за внес на податоци (со додавање на нови редови во подготовка на работа на РН во производна спецификација). Мора прво да ги потврдите внесените податоци. |
|
Пред да внесете податоци за завршена работа за друга операција, мора да го потврдите тековниот внес. |
|
Предупредување кое информира дека не може да се направи промена на работен налог додека не се зачува внесот за тековниот работен налог. |
|
Мора да се потврди откажувањето на внесените податоци бидејќи со оваа постапка се губат сите внесови. |
|
Доколку сакате да го затворите прозорецот со грешка, мора истото да го потврдите бидејќи со оваа постапка се губат внесовите. |
Со означување на полето
Креирање на подготовка за работа во РН може да внесувате операции кои инаку не се предвидени за овој работен налог во производствената спецификација. Истите се внесуваат при внес на завршена работа.
Полињата кои се внесуваат кога е одбрано полето
Креирање на подготовка за работа во РН се зададени преку Позиции на РН.
Процедурата за потврда на внесови е иста како и при основната верзија за внес. Разликите се во тоа како се дефинирани операциите:
Операција |
Одбери операција прикажувајќи ја нејзината шифра и назив. |
Ресурс |
Одбери ресурс на операција. Кога се менува оддел на ресурс, и овде се ажурира информацијата. Секако ова се случува доколку е така подесено во регистарот на ресурси. |
Искористено време |
Веќе потрошено време за оваа операција. |
Време |
Тековно внесеното време за оваа операција. |
Процедурата за внес на завршена работа и потврда на внесовите е иста како и при основната верзија за внес.
Пред да се избрише внес, се прави проверка. Доколку се јават одредени грешки, се појавува следниот прозорец:
