Новости

10

PANTHEON CLOUD за сметководствени бироа!

Иницијативата на Даталаб МК за промена на начинот на работењето на сметководствените бироа во Македонија и премин кон нов, револуционерен начин на работење Е-смеководство, која ја започнавме на 18.12.2012 во Скопје, ја продолжуваме преку  ROADSHOWS низ градовите во Македонија во соработка со Македонски Телеком.

Во средата, на 06.03.2013 во Штип, Даталаб МК започна со долго планираната акција - ROADSHOWS низ Македонија, која е предвидена да трае до крајот на месец Март. Околу 50-на претставници на сметководствени бироа ја посетија презентацијата за PANTHEON Cloud услугата, која неодамна постана реалност во Македонија! Компаниите и сметководствените бироа се повеќе се интересираат за оваа услуга која овозможува секоја компанија и сметководствено биро да користат софтвер за деловно работење по достапни цени.

Сашо Јовановски, директорот на Даталаб МК и Ирина Ризинска, менаџер за продажба во Даталаб МК, го презентираа револуционерниот начин на работа во сметководството, поттикнувајќи интерес и желба за повеќе информации кај присутните. После презентацијата, следуваше коктел кој беше најдоброто време да се разговара за придобивките кои ги овозможува услугата PANTHEON Cloud, благодарение на одличната атмосфера и добрата храна.

Наредната дестинација е Велес (09.03.2013) каде очекуваме повторно голем успех!

 

Localization: MK
DL WebSites
Posted in: Događaji

Comments

There are currently no comments, be the first to post one!

Post Comment

Only registered users may post comments.

Add Content...