Novosti

08

               

                                         

 

Со задоволство Ви ја претставуваме новоста во Даталаб Академијата – сеопфатна образовна програма PANTHEON сертифициран сметководител, која по прв пат ја организираме во Р. Македонија. Преку оваа едукациска програма ви овозможуваме обука и стекнување на сертификат PANTHEON сертифициран сметководител, со кој се потврдува Вашето знаење за водењето на сметководство во програмот PANTHEON.

Сертификатот Ви овозможува:

*    Верификуван доказ и потврда за вашето знаење за вашиот работодавец

*    Конкурентност на пазарот на труд

*    Гаранција за квалитетно извршување на работата

 

Програмата е подготвена од страна на искусни PANTHEON консултанти од Словенија и Македонија.

Ви препорачуваме да направите пријава најдоцна до 20.06.2015, бидејќи за првите 5 пријавени учесници нудиме можност обуката и сертифицирањето да го добијат по промотивни цени. Деталите погледнете ги во ценовникот. На обуката и сертифицирањето може да се пријават сите заинтересирани, без оглед на нивото на претходно знаење од PANTHEON, бидејќи едукациите се прилагодени за сите нивоа.

ПОДГОТОВКА И СЕРТИФИЦИРАЊЕ


 

ТЕРМИН: Прв термин за сертифицирање е 11.08.2015 од 14-17 часот, додека останатите термини ќе бидат закажани по потреба.

 

Тема

Термин

Времетраење

Основни шифрарници, контен план и книжења

07.7.2015

10:00 до 14:00 часот

4 часа

Обврски и побарувања, затварања на отворени ставки, прегледи, компензации и благајна

14.7.2015

10:00 до 14:00 часот

4 часа

Биланси, затварање на класи 4 и 7 и пресметка на ДДВ

16.7.2015

10:00 до 14:00 часот

4 часа

Основни средства, ситен инвентар и пресметка на амортизација

21.7.2015

10:00 до 14:00 часот

4 часа

Пресметка на плати, договор на дело и извештаи

28.7.2015

10:00 до 14:00 часот

4 часа

Консултации и прашања

04.8.2015

10:00 до 14:00 часот

4 часа

Сертифицирање

11.8.2015

14:00 до 17:00 часот

3 часа

 

Редовната цена на целиот едукациски пакет и сертификатот изнесува:

8.990 МКД + ДДВ

Промотивна цена за првите 5 пријавени:

6.790 МКД + ДДВ

Пријавување и информации на е-маил: markot@datalab.com.mk, или на телефон 02 3079-231 (г. Марко Трајков). Бројот на учесници е ограничен.

 

 

ЕДУКАЦИСКА ПРОГРАМА

(20 часа едукација + 4 часа консултации и прашања)

 

 
 

 

 

 

 

  1. ОСНОВНИ ШИФРАРНИЦИ, КОНТЕН ПЛАН И КНИЖЕЊЕ

Предавач: Елена Гоцевска, консултант за финансии

Времетраење: 4 часа

 

*Шифрарник на иденти, шифрарник на партнери, контен план

*Подесување за автоматски книжења

*Автоматско книжење и рачно книжење (примени и издадени фактури, благајна, патни налози, плати)

*Рачно книжење и увоз на изводи

*Контрола на автоматско книжење

*Испис на дневник на книжења

*Дефинирање на нови видови документи – налози за книжење

 

  1. ОБВРСКИ И ПОБАРУВАЊА, ЗАТВАРАЊА НА ОТВОРЕНИ СТАВКИ, ПРЕГЛЕДИ, КОМПЕНЗАЦИИ И БЛАГАЈНА

Предавач: Ненад Матески, консултант за финансии

Времетраење: 4 часа

 

*Затварање (рачно, прекнижување, затварање на аванси, затварање на паритетни разлики)

*Отворени ставки, конто картица, структура на отворени ставки, бруто биланс

*Компензации

*Благајна (каса прими и каса исплати, благајнички дневник)

 

  1. БИЛАНСИ, ЗАТВАРАЊЕ НА КЛАСИ 4 И 7, ПРЕСМЕТКА НА ДДВ

Предавач: Ненад Матески, консултант за финансии

Времетраење: 4 часа

 

*Изработка на биланси (дефинирање на формули и контроли)

*Затварање на класа 4 и 7

*Заклучок на година

*ДДВ (третман на различна материјална документација во ДДВ пријава – издадени и примени сметки, увоз, сопствена употреба, ДДВ книги, ДДВ пријава и извештаи по чл.32а)

 

  1. ОСНОВНИ СРЕДСТВА, СИТЕН ИНВЕНТАР И ПРЕСМЕТКА НА АМОРТИЗАЦИЈА

Предавач: Елена Гоцевска, консултант за финансии

Времетраење: 4 часа

 

*Шифрарник на амортизациски групи

*Регистар на основни средства

*Регистар на ситен инвентар

*Амортизација на основни средства

*Отпис на ситен инвентар

*Прегледи

 

  1. ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТИ, ДОГОВОР НА ДЕЛО И ИЗВЕШТАИ

Предавач: Сандра Дончевска, консултант за кадри и пресметка на плати

Времетраење: 4 часа

 

*Евиденција на вработени во персонални мапи

*Видови заработки

*Регрес за годишен одмор

*Договор на дело

*Формули за пресметка на плата (примери за: редовна работа, боледување, додатоци и одбитоци на редовна работа, разлика до минимална плата)

*Пресметка на плата

*Исплатни листи, прегледи, законски и статистички обрасци

 

    6. КОНСУЛТАЦИИ И ПРАШАЊА И ПОДГОТОВКА ЗА СЕРТИФИЦИРАЊЕ

Localization: MK
DL WebSites
Posted in: Događaji

Comments

There are currently no comments, be the first to post one!

Post Comment

Only registered users may post comments.

Add Content...