marijanik posted on iunie 18, 2018 21:29
Почитувани корисници на програмскиот пакет PANTHEON,
Дури 93% од корисниците на апликацијата Help Desk и поддршката на Даталаб МК, потврдија дека ваквиот начин на комуникација им ја олеснува работата и помага за побрзо решавање на проблемите!
Во периодот на сумирање на резултатите од деловната година, направивме анализа на постоечката ситуација во која се наоѓаат нашите клиенти, и врз основа на таа анализа предлагаме активности со кои што ќе се постигне поголема ефикасност во Вашата компанија и користење на ангажираните ресурси.
Тимот за поддршка на корисници на Даталаб МК, сака да Ви помогне на сите Вас, првенствено тргнувајќи од важноста на функциите кои ги имате во Вашата компанија, за поголема ефикасност во работењето и уште поголем придонес во компанијата во која работите.
Ние сме тука да Ви помогнеме!
Комуникацијата со тимот за поддршка на Даталаб МК сега е многу полесна и побрза пред се заради алатката со која може на многу брз и едноставен начин да отварате тикети и да ја следите реализацијата на сите Ваши барања. Предностите на оваа алатка се темелат на искуството на многуте наши задоволни клиенти.
Полесна пријава на барања за помош!
Вашето барање може да го испратите на нашата e-mail адреса: pomoc@datalab.com.mk

* Пред да испратите барање на нашата Help Desk апликација, потребно е да се регистрирате на нашата Страна за корисници, доколку сеуште тоа не сте го направиле! За да направите тестирање, во Cc на Вашиот прв маил, додајте го и маилот aleksandrad@datalab.com.mk
По испраќање на Вашето барање, добивате повратен e-mail од апликацијата за потврда.
Статусот на сите Ваши барања можете да го пратите на нашата страна за корисници, во делот Поддршка – Help Desk. Вашите барања освен со испраќање на маил, може да ги поднесувате и преку овој дел.

Дежурниот консултант ќе Ве контактира најдоцна во рок од 24 часа по приемот на Вашето барање!
Однапред се радуваме на подобрување на Вашето искуство и соработката со Вас!
Вашиот Даталаб тим за поддршка
* П.С. Доколку имате дополнителни прашања, слободно обратете се на нашиот телефонски број 02/3079 231 или испратете маил на aleksandrad@datalab.com.mk
Localization: MK
DL WebSites: