EMATOS posted on jul 22, 2011 09:58
Почитувани кориснички и корисници на PANTHEON,
Со задоволство ве известуваме за следните новисти кои ги подготвивме за вас на страната за корисници:
1. промени во верзиите на PANTHEON
Од сега лесно може да ги дознаете промените во различните верзии на PANTHEON. Дознајте повеќе на следниот линк!
2. повеќе можности за поддршка на далечина (RDS)
Од сега па натаму постојат повеќе можности за поддршка на далечина (RDS) - корисникот може лесно да му помогне на друг корисник, доколку ја избере RDS опцијата: »Сакам да помогнам на друг корисник«, по што ќе му биде прикажана листата на активни корисници кои имаат потреба од помош. Користењето на оваа алатка е бесплатно, под услов да сте корисник на PANTHEON и да сте најавени на страната за корисници. Прочитајте повеќе на следниот линк!
3. детален опис на работата на “HelpDesk“
Ве интересира како функционира “HelpDesk“-от (постапката за решавања и затварање на пријавени проблеми, хиерархија на “HelpDesk“ поддршка и подобрувања)? Прочитајте повеќе на следниот линк!
4. можност за отварање на пријави на “HelpDesk“ непосредно од електронска пошта
За оние кои можеби не знаат: Ја направивме можноста за отварање на пријави на “HelpDesk“ непосредно од електронската адреса assist@datalab.si (треба да кликнете на бројот на пријавата). Ќе забележите дека сте добиле одговор на прашањето на вашата е-маил адреса (доколку ја имате наведено е-маил адресата кај вашето корисничко име), и со клик преку известувањето преоѓате непосредно на одговорот.
Вашите забелешки, идеи или коментари можете да ни ги испратите на u-site@datalab.si
Ви посакуваме успешна работа со PANTHEON!
Localization: MK
DL WebSites: