Основни средства - Сметководство
Основни средства- Сметководство
Во овој дел е опишан модулот Сметководство. Подолу е прикажан делот околу Сметководство:

- Датуми
Датум на набавка |
Датум на набавка на основното средство
На пример ако е набавено од 31 декември 2001 година, од тој датум ќе ја пресметате првата ревалоризација на набавната вредност.
|
Датум на активација |
Датум на активација, поточно датум од кој почнува да се пресметува амортизација.
Основните средства и ситен инвентар се амортизираат од првиот ден на следниот месец од месецот кога се активирани ( на пр. едно основно средство е активирано на 12.04.2020, тогаш првата амортизација ќе биде пресметана за м. 05/2020
|
Ликвидација |
Датум на ликвидација на основното средство до кој се пресметува амортизација на набавната вредност. Во ова поле се внесува последниот ден на месецот, за кој треба да има пресметка на амортизација.
|
Деактивирање
|
Датум на деактивирање е датумот кога амортизација на основното средство повеќе НЕ се пресметува. Во ова поле се внесува последниот ден од месецот, кога се пресметува амортизација
|
2. Амортизација/Ревалоризација
 |
Доколку ја промените амортизационата група, истото предизвикува промена и на контата на книжење. |
Амортизациона група |
Избор на амортизационота група на основното средство. Ова е важна информација и содржи податоци за минималната стапка на амортизација согласно која се пресметува амортизацијата на ОС.
Доколку ја промените амортизационата група, Програмот испишува порака: Дали навистина сакате да ја промените амортизационата група на основното средство/ ситен инвентар?
|
Забрзана стапка на амортизација |
Ова поле се пополнува доколку покрај минималната стапка на амортизација, потребно е да се пресметува и забрзана стапка на амортизација. За да се пресметува и забрзаната стапка на амортизација, истата треба да е пополнета во Шифрарникот на амортизациони групи. . |
Функционална амортизација |
Со помош на овој коефициент, врз основа на податокот за минимална стапка на амортизација, можеме да пресметаме и функционална амортизација, која се додава на минималната и забрзаната стапка доколку овој коефициент е позитивен или се одзема доколку коефициентот е негативен. |
Преостаната вредност |
Внес на износ до кој основното средство да се амортизира во периодот на користење.
Погледнете примери за пресметка на преостаната вредност
|
Набавка- Должи |
Конто на набавка на кое се книжи набавната вредност на должи страната . Ова конто се подесува во шифрарникот на амортизациони групи. |
Набавка - Побарува |
Конто на набавка на кое се книжи набавната вредност на побарува страната. Ова конто се подесува во шифрарникот на амортизациони групи. |
Амортизација - Должи |
Контото на кое се книжи амортизацијата на должи страната, кое што воедно ги претставува трошоците на Компанијата. Ова конто се подесува во шифрарникот на амортизациони групи |
Амортизација - Побарува |
Контото на кое се книжи амортизацијата на должи страната, кое што воедно ги претставува трошоците на Компанијата. Ова конто се подесува во шифрарникот на амортизациони групи |
Зголемување- Должи |
Контото на кое се книжи зголемувањето на основното средство на должи страната. Ова конто се подесува во шифрарникот на амортизациони групи |
Зголемување- Побарува |
Контото на кое се книжи зголемувањето на основното средство на побарува страната. Ова конто се подесува во шифрарникот на амортизациони групи |
Зголемување разлика |
Конто на кое се книжи разликата помегу зголемувањето на должи и зголемувањето на побарува на основното средство. Ова конто се подесува во шифрарникот на амортизациони групи. |
Намалување - Должи |
Контото на кое се книжи намалувањето на основното средство на должи страната. Ова конто се подесува во шифрарникот на амортизациони групи |
Намалување - Побарува |
Контото на кое се книжи намалувањето на основното средство на побарува страната. Ова конто се подесува во шифрарникот на амортизациони групи |
Намалување - разлика |
Конто на кое се книжи разликата помегу намалувањето на должи и намалувањето на побарува на основното средство. Ова конто се подесува во шифрарникот на амортизациони групи. |
4. Податоци за основни средства
Добавувач |
Внес на добавувачот на основното средство |
Документ за прием |
Бројот на документот за прием |
Сметка на добавувач |
Интерниот број на документот за прием кој е веќе искнижен. Со двоен клик на овој број, се отвара документот. |
Набавна вредност |
Вредноста на основното средство по која истото е набавено. Програмот овој податк го испишува и во табот Состојба 1- Набавка на основно средство. |
Фабрички број |
Фабричкиот број на основното средство |
Година на произвдство |
Годината кога ова основно средство е произведено |
Калк. шифра |
Калкулациска шифра на основното средство |
Пресметка на амортиз. до |
Доколку овој датум е поставен, програмот ќе пресметува амортизација до тој одреден датум, а не до крајот на месецот. |
Амортизација дневно |
Програмата ја пресметува амортизацијата по денови. Ако корисникот ја пресметува амортизацијата секој месец, на програмот му се потребни денови за да ја пресмета амортизацијата, што значи дека февруари е пократок месец, па оттука и помал износ за амортизација. |
Пресметка на амортиз.од почеток на користење |
Пресметката на амортизацијата секогаш започнува следниот месец по активирањето. Со оваа поставка ова правило може да се промени. Меѓутоа, ако е поставена и дневна пресметка, првата амортизација ќе се пресметува пропорционално на преостанатите денови, а ако е поставена месечна амортизација, ќе се пресметува цел месец. |
|