Клонирање исписи и менување тип на исписи
Клонирање исписи и менување тип на исписи
Постојните исписи може да бидат клонирани. Клонираните исписи автомаски добиваат нова шифра, која како и сите кориснички дефинирани исписи почнува со буквата A.
На овој начин може да се направи копија на системски испис и да се прилагоди на потребите (системски испис не може да се едитира).
Клониран испис може да се појавува на друга локација од оригиналната со менување на параметарот за тип на исписот.
Пример: Правење ПОС фактура да биде достапна во издадени документи
Во овој пример фактурата во ПОС модулот (Материјално | Издавање | ПОС) е достапна во издадени документи (Материјално | Издавање).
1. Оригинален испис
Прво треба да се најде шифрата на исписот што ќе се клонира. Најлесен начин е да се отвори во горниот десен агол и да се најде шифрата на саканиот испис (види Прозорец за исписи). Во нашиот случај испис 271.
2. Тип на испис
За да се премести исписот, потребно е да се внесе соодветен тип на испис. Најлесно е да се најде испис на саканата локација и да се копира тој тип на испис. Сакаме нашиот испис да биде во иста група како исписот 241 (Фактура). Тој има тип на испис PrometIzdDobIzpisRac, што ќе го копираме во клонираниот испис.
3. Клониран испис
Сега кога ја имаме саканата информација, може да се направи прилагоден испис.
Се отвора оригиналниот испис (271) и се клика на клон компчето
. Нова шифра (што почнува со буквата А) автоматски се доделува на исписот.
Забележете дека типот на исписот е PrometPosIzpisRac. Сменете го во PrometIzdDobIzpisRac така да прилагодениот испис ќе биде достапен во издадени документи.
Препорачливо е да се промени името на новиот испис за да се избегне нејаснотија, иако тоа не е неопходно за правилно функционирање.
 |
Ако прозорецот каде што треба да биде исписот е отворен додека се прави ова, затворете го и повтроно отворете го за да ги видите направените промени. |
Сега прилагодениот испис ќе биде достапен на саканата локација со останатите исписи кои го имаат тој параметар за тип.
Може исто така да се дизајнира клониран испис да одговара на изгледот на групата исписи. Во тој случај може ќе биде потребно да се променат датасетовите на одредени полиња (во примерот tbPrometIzdaja наместо tbPrometPos).