Invoices Received in Accounting Firms
Сметководствен внес на влезни фактури
Сметководствениот внес на влезни фактури е поедноставен внес на влезни фактури и поедноставено книжење на истите. Наменет е првенствено на сметководствените бироа, и за внес на фактури кај кои нема калкулација на прием (пр. набавка на стоки на залиха) или други специфики (пр. увоз и калкулација на даночна основа). Во поголем број на претпријатија оваа функција се корист за прием на сметки кои се директен трошок или расход.
 |
За прием на артикли, за кои во базата на податоци водиме залиха, овој вид на внес не е применлив! |
Книговодствениот внес на податоци се прави преку модулот за налози за книжење во Финансии. Со оглед на тоа дека во позициите внесуваме помала количина на податоци, внесот е брз и прегледен. За главата на фактурата се внесуваат поедноставени податоци. Внесот се одвива така што внесуваме конто, даночна стапка и износ. Со кликање на копчето Прокнижи програмот автоматски го прокнижува налогот (повеќе документи на еден налог. Исто така програмот автоматски ќе ги прокнижи внесените сметки при затварање на образецот или поместување на друг налог. Иако сметките се книжени, истите можеме да ги поправиме (секако, со одговарачка авторизација) или да додаваме нови и да ги прокнижиме на постоечкиот налог.
Со оглед на тоа дека сметководствениот внес истовремено креира и материјален документ во влезни фактури, како и налог за книжење со позиции, остатокот од работата (пр. ДДВ книга, конто картици и отворени ставки...) не се разликува од вообичаената евиденција.
Подготовка и употреба
- На сите корисници им препорачуваме да отворат нов вид на материјални средства - Книговодствен вид (пр-799) тип S-Услуга. Овој нов вид на материјални средства го додаваме во шемата за книжења за видот документ, каде ги внесуваме сметките на трошоци (пр.120-Сметки на трошоци).
- Исто така, препорачуваме во параметри на програмот / Артикли / Основни податоци да ја изберете опцијата "Прикажи само материјални средства, кои имаат одреден книговодствен вид кај видот документ". Со тоа го ограничуваме пребарувањето на материјални средства по назив и шифра во влезните трошковни фактури, издадени фактури, преносници, на оние иденти кои се внесени во шемата за книжење во стоковите конта. На ваков начин во влезните трошковни фактури (докумен 120) ќе ни се прикажуваат само книговодствените иденти - услуги кои погоре сме ги дефинирале.
- Во шифрарникот на видови документи во модулот Финансии избираме постоечки или отвораме нов вид на документ, каде ќе ги книжиме сметките на трошоци. Со избирање на опцијата “Книжење на сметки на трошоци“ екранската маска на овој налог за книжење ќе биде здружена со дополнителен панел за внес на позициите на сметките на трошоци.
Откако ќе ја означиме опцијата, треба да внесеме уште предефиниран вид на документ за прием.
- Сметки - во овој панел се внесуваат податоци од главата на влезната фактура. Под главата на документот се сумарните податоци за сметката (референт, курс, вкупно).
- Позиции - во овој панел се внесуваат позициите на сметките, кои се прилагодени за брз внес, а евентуални додатни потребни податоци внесуваме во подпанелите
-
- Налог за книжење - ни прикажува поглед на внес каков што ни е веќе познат во модулот Финансии и ги содржи сите книжења на тој налог. На налогот се собрани сите книжења на документите од панелот Сметки, кои се прокнижуваат кога ќе кликнеме на копчето Прокнижи.
