General - Import Bank Statements
Основни податоци за Импорт на изводи

Датотека
|
Со клик на ... селектирате патека до фолдерот во кој ви е зачувана текстуалната датотека извезена од електронско банкарство.
Секако дека дополнително може да внесувате податоци!
|
Увоз
|
Со клик на ова копче се увезува датотеката од фајлот. Податоците се увезуваат во Банкарски податоци панелот. Податоците во панелот Книжење во овој момент се непотполни , поради недостаток на конта за книжење , местата на кои недостасуваат податоци се обоени црвено.
Ако не сте го селектирале фајлот кој треба да се импортира ќе се појави следнава грешка ( Грешка во постапката на патеката до податоците! ).
Ако сте селектирале погрешен фајл (или погрешен формат), во обавестувањето ќе биде испишано името на спорната датотека и патеката до неа.
|
Трансакциска сметка
|
ID на вашата трансакциска сметка.
Ако постојат повеќе сметки на иста банка , тогаш Пантеон ќе изгенерира два запси , за секоја сметка одделно (определени EFT системи можно е ова да не го подржат )
|
Име
|
Назив на нашето претпријатие
|
Датум на трансакција
|
Датат кога оваа трансакција е направена (Информација од изводот).
|
Салдо должи
|
Салдо на дебитните трансакции .
|
Салдо побарува
|
Салдо на кредитните трансакции .
|
Вид на документ
|
Селектирај го видот на документ од Финасии модулот , во кој импортираните изводи ќе бидат прокнижени .
Параметрите кои се користат за книжење на изводите се сетирани предходно во видови на документи/Финасии.
На овој начин повеќето од податоците се спремни за книжење. Позициите кои ќе останат празни , кои немаат подесено критериуми за книжење, се обележани со црвено. Комплетирајте ги на следниов начин :
- Дополнителните подесувања во видови на документи во делот Финасии .
- Или директно дополнување на позициите во делот Книжење .
|
Број на налогот
|
Од како ќе кликнете на Книжење функцијата од менито на Волшебникот, се креира налог за книжење (ако сите податоци во дело Книжење се правилно внесени ) се формира бројче на налогот.
|