 |
Програмата се инсталира со две кликнувања на глувчето. |
ISL Light автоматски се стартува, се инсталира и поставува од веб-страната. Нема потреба да го рестартирате компјутерот. |
 |
Највисоко ниво на заштита на интернет конекција достапно во програмите за далечинска поддршка |
Сите конекции за податоци се шифрирани со SSL и употреба на симетрични 128-битни клучеви. Сертификатите X.509 се користат за да се обезбеди автентичност на преносот. |
 |
Безбедноста на вашиот заштитен ѕид (firewall) не е загрозена |
Бидејќи програмата за поддршка ја активира врската со серверот, врската со вашиот постоечки заштитен ѕид работи и не треба да ги менувате поставките. |
 |
Пониски трошоци за корисникот, бидејќи телефонскиот повик е потребен само за закажување термин за воспоставување конекција |
Текстуалниот разговор помеѓу корисникот и поддржувачот е возможен пред и за време на споделувањето на работната површина.
Препис од разговорот е зачуван за да можете повторно да го користите за да го решите проблемот |
 |
Дозволете му на поддржувачот да ви го покаже решението |
Со кликлање на копчето му давате на вашиот поддржувач увид (преглед) на вашата работна површина.
Поддржувачот може да ви ја покаже операцијата и на неговиот компјутер, бидејќи е можна и обратна комуникација. |
 |
Поддршката може да ги реши вашите проблеми |
Кликнете на F12 за да му дадете контрола над глувчето и тастатурата и да гледате како го решава проблемот. |
 |
Брза работа, убава слика |
Само сликата на екранот на оддалечениот компјутер се пренесува преку мрежата и се освежува само кога (дел од) оригиналот се менува. За помала големина на пакетот, податоците дополнително се компресираат. |
 |
Подобрете ги перформансите со слаба интернет конекција |
Врската со голема брзина овозможува повеќебоен (24-битен) приказ. Кога програмата ќе открие забавување на Интернет, го намалува бројот на бои (до 256) |
 |
Ги поправа проблемите со различни резолуции |
Програмата поддржува проширување и намалување на прозорецот и динамично зумирање |
 |
Разменете датотеки без праќање преку е-пошта |
За да преземете датотека, доволно е да ја ставите на работната површина. |
 |
Скицирајте го решението. |
Десктопот на корисникот може да се користи како површина за скицирање. |