Основни средства - книжење на позиција на состојба
Fixed Assets - Post Value Adjustment
Менито за книжење на позиција , од Регистарот на основни средства, може да се повика на два начина:
- Кога рачно се внесе податок во табот Состојба и се одбере одреден тип на внес, со десен клик на маусот, од менито може да се одбере опцијата за книжење на позиција на состојба
- Може да се книжат и податоци, кои се претходно пресметани и внесени во Регистарот и останвуа само да се прокнижат. Тоа се постигнува со одбирање на опцијата Пресметка од менито на десен клик на маус.
 |
Кога налогот за книжење е успешно креиран, во колоната Настан, во табот Состојба, Програмот го впишува бројот на налог за книжење. Со двоен клик на налогот, во секој момент може истиот да биде отворен. |

Инвентарен број |
Инвентарниот број на основното средство кое треба да биде книжено. Овој податок Програмот го испишува автоматски и истиот се поплнува во полето Напомена во налогот за книжење.
Бидејки станува збор за информативен податок, истиот не може да биде променет.
|
Позиција |
Реден број на позицијата од табот Состојба. Оваа информација е информативна и не може да биде променета. |
Разлика при ликвидација |
Внес на конто на кое се книже разлика при ликвидација ( погледнете тип 6 - Ликцидација на основно средство).
Оваа информација се запишува во личните поставки на корисникот ( ini датотека)
|
Превреднувани деловни приходи |
Внес на конто на кое се книжат превреднувањни деловни приходи при отстранување на ослабнување ( погледнете тип на внес 6 - Ликвидација на основно средство и тип 8 - Отстранување на ослабнување)
Оваа информација се запишува во личните поставки на корисникот ( ini датотека)
|
Разлика при општо зајакнување |
Внес на конто кое се користи за потражно книжење на разлика кај општото засилување на средства ( погледнете тип на внес 3- Засилување на конта на набавка). Тоа претставува затварање на некое претходно конто, во зависност од тоа како е книжен приемот на фактура.
Оваа информација се запишува во личните поставки на корисникот ( ini датотека)
|
КНИЖЕЊЕ
Креирај |
Внес на податоци за налогот за книжење кој ќе биде креиран |
Вид на документ |
Избор на вид на документ кој ќе се користи за книжење |
Датум на период |
За датум на период, Програмот го испишува датумот на позицијата од табот Состојба која е потребно да се книжи. Овој датум понатаму ќе биде запишан во сите позици од налогот за книжење. |
Датум на книжење |
За датум на книжење, Програмот секогаш автоматски го испишува денешниот датум |
Приклучи |
Книжењето кое треба да биде направено, може да се прикучи на веќе псотоечки налог за книжење. Доколку не биде одрбран налог, тогаш се креира нов налог за книжење со веќе внесените критериуми. |
 |
Со кликање на ова копче, податоците пред да бидат книжени, може да се прегледаат во вид на извештај

|
 |
Со кликање на ова копче, се креира налогот за книжење. Доколку книѓењето е успешно, Програот јавува порака ( Книжењето е успешно. Налог за книжење (XX)
Со потврдување на оваа порака, се отвара креираниот налог за книжење

|