Прекнижување на конто
100004V Re-Post
Функционалноста за прекнижување го поедноствавува прекнижувањето од едно на друго конто. Истата е достапна во сите налози за книжење, а се наоѓа во менито на Волшебникот.
Најпрво се одбираат позициите од налогот за книжење кои е потребно да се прекнижат. Може да се одберат со CTRL или SHIFT. Оние позиции кои се одбрани се бојат во друга боја.

По означување на позициите, преку Волшебникот се отвара функционалноста за прекнижување
.
Нов прозорец се појавува каде се внесуваат основните податоци за прекнижувањето

Прекнижи |
Оваа опција е означена стандарно. Означените позиции се сторнираат и нови позиции се креираат. Нов налог за книжење може да биде креиран или книжењето да се приклучи на постоечки налог. Во конректионт пример, прекнижувањето ќе биде направено на конто . |
Замени конто |
Оваа опција ќе го замени постоечкото конто со друго конто. Во овој случај, видовите на книжење Креирај или приклучи не се возможни. |
Во примарна валута |
Избор на позиции кои треба да бидат прекниженени од странска валута во домашна. |
Прекнижи го избраниот субјект |
Избраните позиции ќе бидат прекнижени на еден субјект. Новиот субјект се дефинира во полето . |
Заменете го одделот |
Оваа опција ќе го замени постоечкиот оддел со нов оддел. Видовите на книжење Креирај и приклучи не се возможни |
Заменете го носителот на трошок |
Оваа опција ќе го замени постоечкиот носител на трошок со нов носител на трошок. Видовите на книжење Креирај и приклучи не се возможни |
Заменете го одделот и носителот на трошок |
Оваа опција ќе ги замени постоечките оддели и носители на трошок со нови оддели и носители на трошок. Видовите на книжење Креирај и приклучи не се возможни |
Раздели по клуч за расределба |
Оваа опција овозможува распределба по клучеви за распределба. |
Пренос на конта |
Со оваа опција може да се направи прекнижување на повеќе конта во исто време, користејчи предефиниран редослед.
Функционалноста е резултат на новите законски проимени кои се случуваат и има потреба од промена на контниот план. Компаниите вообичаено користат еден контен план се до моментот на промена на тој контен план.Всушност тогаш и доаѓа моментот на прекнижување. При промената на конта се внимава на следните правила:
- трансфер секогаш се прави од едно на друго конто,
- никогаш не се пренесуваат книжења на конто на кое веќе имало книжење.
- не пренесувајте книжења од неколку конта на едно ново конто,
- контото на кое се пренесува книжење мора да биде празно.

Се внесуваат постоечките конта во колоната Стар контен план и новите конта во колоната Нов контен план. Со кликање на копчето Замени се менуваат контата.
Во формата за прекнижување се внесуваат контата од активниот контен план и со оваа функционалност се овозможува прекнижување без притоа да се направат никави други поставки.

|
Пренос на повеќе нивоа |
Оваа опција овозможувапрекнижување на повеќе нивоа, односно прекнижување на означените позиции на разлилчни конта или субјекти. Озналените позиции можат да бидат затворени преку книжење на спротивната страна или со сторнирање. |
Прекнижувањето се извршува со кликање на копчето
.
Резултат од прекнижувањето:

 |
Прекнижувањето е процес во една насока. Тоа значи дека промените кои ќе бидат направени, не може да се вратат во првобитна состојба. Исклучок се само прекнижувањата каде се креира нов налог за книжење.
|