Поврзување на книжења
100004X- Поврзување на книжења
Оваа функционалност не е интегрирана во налозите за книжење автоматски, туку истата морате да ја повикате преку Волшебникот. Станува збор за поврзување на податоци внесени во материјалните документи.
За сите влезни документи искнижени преку автоматското книжење, во табот Книжење, можат да се видат сите книжења поврзани со овој документ. Но во случај кога е потребно да се додадат позиции во налогот за книжење, кој сто е во исто време поврзан со материја
лниот документ и истите позиции да се појават во табот состојба, во тој слулчај се користи токму оваа функционалност.

Креираме дополнителна позиција во налогот за книжење која сакаме да се појави на документот за прием и ја одбираме функционалноста преку Волшебникот

Следно, се одбира документот на кој што сакате да ја додадете оваа позиција

Понатаму, се клика на копчето Поврзи и автоматски позицијата во налогот за книжење се префрлува во табот Книжење на материјалниот документ .