Подесувања

Формуларот Подесувања ви овозможува да креирате нова или да уредувате постоечка корисничка група.
До формуларот може да се пристапи со кликнување на поединечниот таб на групата на панелот Групи во Администраторската конзола.

Формата е составена од одредени елементи, кои се опишани подолу.
 |
СОВЕТ
За полесно да ги проверите поставките на различни корисници, може да го отворите формуларот во посебен таб или прозорец. Прочитајте повеќе во поглавјето Подесувања (Споредување на дозволите)
|
 |
ВНИМАНИЕ
- Стандардно, новосоздадениот корисник не е член на ниту една корисничка група.
- Корисникот може да биде член на повеќе групи на корисници одеднаш. Во овој случај, корисникот ги наследува највисоките/врвните дозволи на групата на корисници.
- Дозволите што се експлицитно поставени за корисник не се наследуваат од групата на корисници.
- Корисничките дозволи имаат предност пред дозволите на корисничката група. На пример, Корисничката група 1 има Избрани дозволи (за Читање) на шифрарникот на артикли и Корисничката група2 има дозволи за Ажурирање (Запишување) на шифрарникот на артикли. Корисникот што е доделен на двете кориснички групи ќе ја наследи дозволата Ажурирај (Запишување), која е повисока.
|