Групи

Панелот Групи ги комбинира сите групи и стои како подпанел на Корисници и групи во Администраторската конзола.

Секоја група има индивидуален панел каде што податоците се прикажуваат во различни јазичиња, кои се опишани подолу.
- Подесувања –образецот ви овозможува да креирате нова или да уредете постоечка корисничка група.
- Мени –ви овозможува да го приспособите главното PANTHEON мени за избрана група. Поставките важат за сите корисници кои се членови на групата.
- Безбедност –ги комбинира сите безбедносни поставки за индивидуална група, каде што можете да копирате дозволи или членство од главниот извор во избраната група, да додавате или отстранувате членови на групата и да уредувате дозволи на групи за работа со различни бази на податоци.
 |
СОВЕТ
За полесно да ги проверите поставките на различни корисници, може да го отворите формуларот во посебен таб или прозорец. Прочитајте повеќе во поглавјето Подесувања (Споредување на дозволите).
|