Странци
Странци
Во панелот Странци можете да следите податоци за работниците од странство:
Работна дозвола
Број |
Во ова поле може да внесете број на работна дозвола на работникот. |
Издавач |
Во ова поле можете да го изберете издавачот на работната дозвола од претходно дефинирана листа. |
|
Со двоен клик во ова поле програмот ќе отвори Шифрарник на издавачи на работни дозволи. Доколку е потребно можете да го дополните со шифра и име на нов издавач. |
Важи од |
Во ова поле можете да го внесете датумот кога започнува валидноста на работната дозвола. |
(Важи) до |
Во ова поле можете да го внесете датумот кога завршува валидноста на работната дозвола. |
Неограничен |

Доколку валидноста на работната дозвола не е ограничена, можете да ја изберете опцијата Неограничен. Во тој случај програмот нема да дозволи да внесете датум во полето (Важи) до. Во M1/М2, програмот ќе ги прикаже податоците во следнава форма: >>99999999<<.
|
Уважи го општото олеснување кај данокот на добивка
|
Изберете ја оваа опција доколку сакате програмот да го уважи општото олеснување кај данокот на добивка при пресметка на основата за плаќање данок. Доколку не ја изберете оваа опција, програмот нема да го уважи олеснувањето.
|
Виза за престој
Важи до
 |
Во ова поле можете да го внесете датумот до кој важи валидноста на визата за престој на работникот.
|
Неограничен
 |
Доколку валидноста на визата за престој не е ограничена, можете да ја изберете опцијата Неограничен. Во тој случај програмот нема да дозволи да внесете датум во полето Важи до.
|
Резидентство
Држава
 |
Во ова поле може да изберете држава од листа.
|
Историја

Под панелот се наоѓа табела. Оваа табела ги има истите полиња како во панелот. Но информациите тука се однесуваат на минати визи. Откако ќе внесете или промените податоци во полињата во панелот, програмот ќе го пренесе претходниот запис во табелата одоздола, бидејќи процесот на менување на податоци, значи нов запис.