Увоз податоци од TXT
Увоз податоци од TXT
|
Пример:
Увоз податоци .txt датотека каде имаме пример хоризонтална поставеност на екселот кој го извезуваме во .txt датотека, за да го можеме да го увеземе во Пантена преку чаробникот Увоз податоци од txt.
|
1. Извоз на Ексел во .txt датотека
Во Ексел имаме пример хоризонтална поставеност со матична бр. работник така како што е на сликата подолу:

 |
За правилен извоз од Ексел во .txt датотека мораме да имаме во првиот столбец секогаш ист број на знаци.
Нпр. во столбецот Матична мораат да имаат сите податоци ист број на знаци (за горниот пример 6 знаци) и не повеќе или помалку, бидејќи во спротивно датотеката нема да биде правилно извезена во .txt или не ќе биде можно да се увезе преку чаробникот.
|
За да можеме Ексел датотеката да ја увеземе во Пантена преку чаробникот Увоз податоци од txt. ја мораме прво да ја зачуваме во .txt датотека. Тоа го правиме на следниот начин. Во Ексел кликнуваме на Зачувај како каде во прозорецот во полето Зачувај како тип избираме: Текст (Tab делимиран) (*.txt)

Кога ќе избереме соодветен тип кликнуваме на копчето Зачувај каде добиваме долната .txt датотека. Изгледот на датотеката за увоз во Пантена ќе биде следниот:

Во горната датотека пребројуваме уште бројот на знаци за поединечна ставка каде имаме:
- Матична бр. работник од 1 до 7 знаци
- РДЧ од 8 до 10 знаци
- ДОП од 11 до 13 знаци
- НЕГ од 14 до 16 знаци
Податокот за бројот на знаци ни е потребен поради правилните поставки за увоз на .txt датотеката преку чаробникот Увоз податоци од TXT
2. Увоз на .txt датотека во Пантена
Во Командната линија подготовка на пресметка на плати со клик на чаробникот
отвораме прозорец за Увоз податоци од TXT


Отвора се долниот прозорец каде според примерот од точка 1 прво во полето Датотека избираме .txt датотека и во полето Работник избираме Матична.
Во полето Од впишуваме 1 и во До 7 така како што ги имаме поставките за бројот на знаци опишани во точка 1. Избираме уште пресметка во која ќе увеземе датотеката.
Тип TXT избираме Хоризонтално и определуваме уште број на знаци за поединечен вид на заработка, кој мора да биде според примерот ист како во .txt датотеката од точка 1, односно:
- РДЧ од 8 до 10 знаци
- ДОП од 11 до 13 знаци
- НЕГ од 14 до 16 знаци

Со така поставени поставки кликнуваме на копчето Подготви, за да се .txt датотеката увезе

Податоците можеме тука уште да ги поправиме. Кога ги имаме сите податоци подготвени кликнуваме на копчето Пренеси каде програмата ни јавува уште долното известување кое го потврдуваме. Затвораме чаробникот со клик на x

Податоците се увезени во подготовка на пресметка на плата:
