Објаснувања на употребените поими
UPN во SEPA - објаснување на поимите
SEPA – Единствена европска платежна зона или единствено подрачје на плаќања во евра е средина во која сите субјекти треба да извршуваат платежен промет во евра под исти услови, права и обврски, во рамките на поединечната држава или помеѓу државите.
Повеќе на: http://www.sepa.si
UPN – универзален платежен налог, кој од 1.1.2012 ќе го замени досегашниот платежен налози BN02, PP02 и RP01. Иако новиот налог е прилагоден на SEPA барањата, овој налог ќе биде во употреба само во Словенија.
Повеќе на: http://www.zbs-giz.si/zdruzenje-bank.asp?StructureId=945
ISO SEPA XML – стандард за форматирање на XML датотеки со платежни налози, извештаи итн. во SEPA подрачјето. Во Пантехон тоа се нарекува Halcom XML (во верзии до 55.63.00). Во основа, тоа е UNIFI/ISO 20022 стандард, кој е наменет и за употреба во не-SEPA подрачја или за плаќања во странски (нееврски) валути.
ISO SEPA XML стандардот ќе биде официјално потврден како единствениот употребуван стандард во SEPA подрачјето, кога ќе биде потврдена регулативата на ЕУ парламентот и советот 924/2009.
Повеќе на: http://www.zbs-giz.si/news.asp?StructureId=373&ContentId=3905; http:// http://www.halcom.si/index.php?section=98#
ZBSXML – стандард, кој го создаде Здружението на банки на Словенија. Постојат верзии 2.0, 2.1 и 2.2. Актуелна е само употребата на верзијата 2.2. Податочниот стандард ZBSXML ќе биде укинат, кога ќе биде усвоена регулативата 924/2009 (види објаснување ISO SEPA XML погоре).
Повеќе на: http://www.zbs-giz.si/zdruzenje-bank.asp?StructureId=885
Код на целта на плаќањето – се четиризначни ознаки на различни цели на плаќањето. Вкупно има 125 кодови на целта на плаќањето, 25 се предвидени како најчесто употребувани.
Референца SI и RF – со воведувањето на UPN, пред моделот на повикот треба да се запише и за каква референца се работи. Можна е употреба на SI и RF.
Освен ако не се одлучите свесно за употреба на референцата RF, во голем дел ќе биде во употреба референца SI. Во овој случај правилата за форматирање на моделот и повикот не се менуваат. Повеќе за правилата за употреба на моделите и повиците на (http://www.zbs-giz.si/system/file.asp?FileId=624).
Предноста на употребата референца RF е во можноста за употреба на повик до 25 знаци долг, кој вклучува и букви. Во овој случај вредноста во полето Модел станува контролна бројка на создадениот повик.
Повеќе на: http://www.zbs-giz.si/system/file.asp?FileId=3707
BIC (SWIFT) – Код за идентификација на банка, идентификациска бројка на банката. Наменета е за идентификација на финансиски институции. Се состои од 8 или 11 знаци (ако е вклучена и тризначна ознака на филијалата на банката). Во внатрешниот платежен промет (извор: www.sepa.si) не би требало да биде задолжителен податок, но сите банкарски програми го бараат овој податок.
IBAN – Меѓународен број на банкарска сметка. Во пракса, тоа значи број на трансакциска сметка со префикс на ознаката на државата и контролна бројка. Во Словенија, тоа секогаш е SI56.