Општи новости (01-2012)
Општи новости јануар 2012
На почетокот на месецот јануари 2012 се на располагање дополнителни програмски дополнувања верзија L групи. Дополнителните содржини се однесуваат на новостите од месец декември, за полесно работење и подобар надзор над изработените програмски содржини, што е наведено во продолжението.
Продажба на составени пакети
Нова дополнителна програмска опција им овозможува на корисниците изработка и непосредна продажба на составени пакети. На располагање се два типа на продажен пакет (стока или услуга), кои во составот (нормативот) можат да содржат произволна количина стока, која се разликува во случај на потрошувачка односно продажба на пакетот. За тоа можете да користите/отворите книговодствени видови 203 (стоков пакет - тип G) и 204 (услужен пакет - тип H).

За функционирање прво треба да се постави нов тип идентификација, и да се одреди норматив на потрошувачка на идентификација во рамките на пакетот. За самата продажба на пакетот, исто така, треба да се изработи поврзување на интерниот документ за поединечен вид на продажен документ (фактура), кој е во магацинот наменет за потрошувачка на стока. Така се разликува содржаната стока, која се наоѓа во пакетот за правилно водење на залихи или трговски евиденции.
Пред започнување на изработката на поврзувања, мора да се користи документот "Разликување на стока од пакети" прво кликнете на самиот документ во основното мени, за да го создаде програмата (се создава документ со ознака 3G0) - погледнете ја долната слика.

Новите верзии на програмата овозможуваат изработка на поврзување за разликување на стока од пакети само на точно определен нов документ "Разликување на стока од пакети", кој е наменет исклучиво за оваа содржина.
До прозорецот за поврзување на видови документи пристапувате со двоклик на бројот на документот "Број" на самиот излезен документ (нпр.: на издадената фактура, добропис/бремепис...). За функционирање направете поврзување за секој поединечен излезен документ на кој сакате да користите/продавате составени пакети!

На излезен документ (фактура) внесувам продажен артикал (стоков или услужен пакет), кој го наплатуваме на купецот. На основа на изработената фактура автоматски се внесуваат идентификациите во пакетот на поврзаниот интерен документ, за понатамошно разликување на залихите.

Совет:
Пакетната продажба може да биде наменета за трговска дејност (тип G) или услужна дејност (тип H), која во рамките на пакетот секогаш содржи поединечни идентификацији на стоката, кои ги определувате пред употреба за поединечен пакет во списокот на делови.
Пример на стоков пакет за трговска дејност (продавница – тип G):
продаваме: Новогодишен подарочен пакет
список: чоколада 1 парче, бонбони 2 парчиња, подарочен омот (целофан) 0,25 м2
Пример на услужен пакет за услужна дејност (фризерски салон – тип H):
продаваме: Модно стрижење на коса
список: боја за коса 10 мл, регенератор 3 мл, гел 0,5 мл
Важно:
Пред започнување на изработката на поврзувања, мора да се користи документот "Разликување на стока од пакети" прво кликнете на самиот документ во основното мени, за да го создаде програмата (се создава документ со ознака 3G0).
Бизнис настани за TRR и картичка на побарувања/обврски
Во Поставките на поглавјето "Пари – Основни податоци" е исто така за преглед ажурирана табела на шифри на бизнис настани за TRR, која содржи и колона "Видливо во". Колоната покажува во кој документ на модулот Пари, ќе бидат поединечните бизнис настани видливи односно на располагање за употреба.
На овој начин се содржински одделени бизнис настани, кои се книжат во TRR (приливи/одливи), и бизнис настани, кои се комбинации на примени и издадени фактури, и внесени плаќања (побарувања и обврски).

Упатства за PANTHEON
Подробен опис на употребата на поединечни програмски содржини, кои се наоѓаат и во повисоки верзии на програмите Pantheon, можете да најдете во поединечните поглавја употребничкиот водич Datalab PANTHEON 5.5.
Сите останати содржински, технички или законски измени и дополнувања се ажурираат во рамките на содржините на сите верзии на програмите Pantheon, и се на располагање во постојните и новите писмени или видео упатства.