
Автоматско резервно копирање во облак
Тогаш, кога ги исполнуваме сите услови за рачно резервно копирање, можеме да поставиме и автоматизација, која ќе изврши пренос на базата на Telekomov сервер сама во одредено време.
Автоматското резервно копирање во облак моментално го уредивме преку апликацијата Windows Task Scheduler и со правилно поставените параметри на пречицата, кои го покренуваат процесот на резервно копирање во облак.
Пред да ги поставиме параметрите на пречицата, подготвуваме потребните податоци, кои ќе ги користиме за дефинирање на параметрите. Потребни ни се:
- корисник и лозинка, кои имаат доволно права за извршување на резервното копирање во облак,
- точни називи (именување) на базите, кои сакаме да ги пренесеме во облак,
- целосен пристап до серверот, бидејќи преку PANTHEON клиентот (односно клиентот, кој не е на серверот) автоматското извршување не можеме да го повикаме/започнеме.
Параметрите, кои мораме да ги земеме во предвид за автоматско извршување се:
- /L=AD:<лозинкаНаКорисникот>
параметар, кој ја дефинира автоматската пријава на корисникот со права за автоматско резервно копирање
параметар, каде што наведуваме точни називи на базите, кои сакаме да ги резервираме во облак (во случај на повеќе бази, ги одделуваме со знак точка и запирка ' ; ')
параметар, кој овозможува целосно резервно копирање
параметар, кој определува каде ќе испраќаме резервната копија - во случај, ако не е определено, резервната копија ќе се изврши само на диск
параметар, кој ја определува енкрипцијата на архивата
Параметрите за автоматско извршување на резервното копирање ги поставуваме така, што создаваме пречица до изворната Pantheon.exe датотека. Изворната Pantheon.exe датотека се наоѓа во директориумот, каде што е инсталирана програмата PANTHEON, обично некаде во директориумот "C:/Datalab/Pantheon".
До Pantheon директориумот можеме да пристапиме и преку пречицата на десктопот така, што на неа притискаме десен клик на глувчето, избираме 'Свойства' / 'Properties' и кликнуваме на 'Отвори локација на датотеката' / 'Target'.

Слика 1: Ако со десен клик на глувчето притиснеме на Pantheon пречицата, од менито, кое го нуди системот Windows, избираме 'Properties' / 'Свойства'.

Слика 2: Отвораме директориумот, каде што е инсталирана изворната 'Pantheon.exe' датотека со клик на 'Open File Location' / 'Отвори локација на датотеката', или пак се поставуваме преку File Explorer / Истражувачот на патеката, која е наведена под редот 'Target' / 'Пат'.
Во директориумот, каде што е инсталиран PANTHEON, го наоѓаме фајлот Pantheon.exe и од него создававме нова пречица. Новата пречица до изворната датотека ја создававме така, што со десен клик на глувчето, откако ќе се отвори Windows менито на Pantheon.exe, избираме 'Create Shortcut' / 'Создај пречица'. Кога ќе создадеме нова пречица, на неа кликнуваме со лев клик на глувчето, и избираме 'Properties' / 'Свойства'. Отвора се ново прозорче, кое опишува детали за пречицата.

Слика 3: Пример на директориумот, каде што е инсталиран PANTHEON. Со клик на 'Create shortcut' / 'Создај пречица' ќе се создаде нова пречица во овој директориум, на која ќе ги поставиме претходно споменатите параметри. По подразбирано, оваа пречица се вика 'Pantheon.exe - Shortcut' / 'Пречица до Pantheon.exe'. Пречицата може да ја преименуваме по желба. Препорачуваме исто така, да пречицата внимателно ја зачувате и да го онеможите пристапот до неа на другите корисници. Новосоздадената пречица ќе се покренува, кога ќе дојдеме до чекорот, каде што ќе ги поставиме задачата / извршувањето преку Windows Task Scheduler.

Слика 4: На новосоздадената пречица сега со десен клик на глувчето избираме 'Properties' / 'Свойства'. Отвора се ново прозорче, каде што под 'Target' / 'Пат' ќе внесеме соодветни параметри.
Општ пример на параметар, кој можеме да го вклучиме во пречицата:
/L=AD: /BCKP:DB=мојаБаза /BCKP:FULL /BCKP:CLOUD

Слика 5: Под полето 'Target' / 'Пат' додаваме параметар веднаш по самата, преднаставена патека.
Пример, како треба да изгледа целосниот запис во полето 'Target' / 'Пат':
C:\DataLab\Pantheon.exe /L=AD: /BCKP:DB=мојаБаза /BCKP:FULL /BCKP:CLOUD
Кога ќе го одредиме параметарот на пречицата, тоа значи дека преку оваа пречица со двоен клик или Enter го покренуваме резервното копирање во облак. Кога оваа пречица ќе се покрене, во позадина ќе го активира процесот на пренос на Telekomовите сервери. Препорачуваме, да пречицата внимателно ја сокриете и да го онеможите пристапот на другите корисници, кои можеби ја користат вашата работна станица или сервер.
Кога пречицата ќе биде внимателно сокриена, таа е подготвена да ја покренеме во одредено време, кое го дефинираме преку апликацијата Windows Task Scheduler.
Сите општи упатства за управување со Windows Task Scheduler ги наоѓаме на адресата овде.
Да видиме пример за создавање на едноставна (basic) задача / работа за автоматско покренување на програмата. Рецимо, дека сакаме да резервираме нашата база секој петок по работа, рецимо во 17:00.

Слика 6: Во Start менито на системот Windows го наоѓаме апликацијата 'Task Scheduler' / 'Разпоредувач на задачи' и ја отвораме со целосни администраторски права.

Слика 7: Избираме 'Create Basic Task' и следиме упатствата на чаробникот.

7a.) Во првиот чекор наведуваме име на задачата и опишуваме општ опис.

7b.) Во вториот чекор наведуваме, кога сакаме автоматизацијата да се извршува. Смислено е да се избира помеѓу Дневен, Неделен и Месечен. Во мојот случај, избрав тригер еднаш неделно, а корисниците ги препорачуваме да ја постават автоматизацијата според своите потреби.

7c.) Во третиот чекор уште појасно наведуваме, кој ден и во кој час треба да се изврши покренувањето на пречицата, на која се поставени параметрите за автоматско покренување. Јас избрав Петок, под Start дефинирав, кога задачата треба да започне да важи и во кој час треба да започне да се извршува.

7d.) Во четвртиот чекор дефинираме, што задачата треба да направи во времето, кое го поставивме во претходниот чекор. Избираме 'Start a program'.

7e.) Во петтиот чекор наведуваме пат до пречицата, која претходно ја поставивме во почетните чекори. Во полето Add arguments (опционално) наведуваме параметри, кои исто така веќе ги поставивме на пречицата. Со клик на Next > се приближуваме до крајот.

7f.) Во шестиот и последен чекор можеме да ги провериме поставките, кои ги применивме. Со клик на копчето Finish завршуваме со инсталацијата на автоматизацијата.
Автоматското пренесување во облак сега е поставено. Сите создадени задачи можеме во секое време да ги додаваме или бришеме преку интерфејсот на Windows Task Scheduler.