Извештаи за финансиски институции

Извештаите за финансиски институции се користат за проверка на:
1. Извештаи за отворени и заостанати побарувања и обврски на одреден датум во минатото;
2. Дебитни и кредитни трансакции; и
3. Дебитни и кредитни салда од тој датум па натаму.
 |
СОВЕТ
- Првото нешто што треба да го направите е да отворите нов документ во Финансии | Извештаи | Извештаи за финансиски институции. Потребните подесувања треба да се направат во Видови на документи за Побарувања/Обврски.
- Може да додадете онолку видови на документи колку што ви се потребни.
|
Двата примери на извештаи опфатени во ова поглавие се:
До извештајот може да се пристапи преку менито Финансии | Извештаи | Извештај за финансиски институции.
Тука е опишана формата и нејзините поединечни елементи.
 |
СОВЕТ
Формата е иста за двата извештаи, 10 најголеми должници и Наши најголеми купувачи и добавувачи.
|
 |
предупредување
Извештајот е наменет за проверка на салда на сметки, што е поврзано со поставките во контниот план и со книжењето на овие сметки.

|

Лентата со алатки овозможува различни функции на формата.
2.
Во заглавието на формата внесете ги податоците потребни за креирање на извештај.
|
Број
|
Единствениот број на документот: двоцифрен код за годината, троцифрен код за видот на документот (исто како во Шифрарникот Видови на документи), и шестцифрен последователен број.
 |
СОВЕТ
Овој број се генерира автоматски од програмата и не може да се менува.
|
|
|
На ден
|
Наведете го почетниот датум за извештајот. Програмата ќе ги прикаже отворените и заостанатите ставки за зададениот број на временски единици наназад, како што сте поставиле за овој вид на документ. Ако имате поставено Број на 0 за видот на документот, тогаш програмата ќе ги прикаже отворените и заостанатите ставки на истиот датум како датумот во полето Ден.
Датумите за податоците за прометот се запишани и во заглавието на колоната за информација.
 |
СОВЕТ
На пример, ако поставите Бр. на 12 временски единици (месеци) и датумот на извештајот е на пример 30.12.2020, програмата ќе ги прикаже сите трансакции помеѓу 30.12.2019 и 30.12.2020.
|
|
|
Конто купувачи
|
Внесете една сметка или повеќе сметки за добавувачи разделени со точка и запирка (;).
|
|
Конто добавувачи
|
Внесете една сметка или повеќе сметки за купувачи разделени со точка и запирка (;).
|
|
Прикажи за Купувачи
|
Внесете го бројот за приказ на записите во прегледот за табот Побарувања.
 |
совет
Вредност -1 значи дека се прикажуваат записи за сите купувачи.
|
|
|
Прикажи за Добавувачи
|
Внесете го бројот за приказ на записите во прегледот за табот Обврски.
 |
СОВЕТ
Вредност -1 значи дека се прикажуваат записи за сите добавувачи.
|
|
|
Сума на останати - купувачи
|
Ако вредноста -1 не е внесена во полето Прикажи за купувачи, може да се прикаже посебна ставка со збирот на другите купувачи (Сума на останати) со означување на ова поле за избор.
|
|
Сума на останати - добавувачи
|
Ако вредноста -1 не е внесена во полето Прикажи за добавувачи, може да се прикаже посебна ставка со збирот на другите добавувачи (Сума на останати) со означување на ова поле за избор.
|
|
Опција за сортирање
|
Изберете опција за сортирање од паѓачкото мени за Сума на останати, за двата случаи опишани погоре. Податоците може да се сортираат во опаѓачки или растечки редослед. Сортирањето е поврзано со колоната избрана во Сума на останати, по Видови на документи
|
|
Потврдено
|
Извештајот може да се потврди со означување на ова поле за избор
|
|
Собери податоци
|
Ги собира податоците според внесените критериуми.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
 |
Секојпат кога ќе ги промените внесените критериуми, треба повторно да кликнете на копчето собери податоци
|
|
Во овој дел може да наведете видови на документи чии податоци за промет сакате да ги вклучите во извештајот.
 |
совет
За правилно собирање на податоците за промет, не означувајте ги воведниот и завршниот дневник (400 и 490).
|
Со десен клик во прозорецот се отвора мени кое овозможува:

Селектирај се
- Одбери се - Селектирај ги сите видови на документи.
- Одзначи се - Деселектирај ги сите видови на документи.
- Инверзно - Селектирај обратно (т.е. сите видови на документи кои моментално не се селектирани). Избери група
- Избери група - Избери група на видови на документи.
При креирање на извештај, податоците во извештајот се сортираат по колони според подесувањата што претходно сте ги направиле на видот на документот.
Може да поставите неколку видови на документи за различни намени. Колоната која е посивена е означена во шифрарникот Видови на документи како стандардна колона за сортирање на податоците. Ако подоцна ги сортирате податоците по друга колона, податоците повторно ќе се сортирaат, но сивата боја ќе остане иста како во стандардните подесувања. При собирање на документи, податоците за промет се земаат предвид според датумот поставен во Шифрарникот на видови документи. Ова може да биде еден од следните датуми: Датум на документ, Датум на достасување или Датум на период (од Заглавие на дневникот).
Програмата ќе ги прикаже отворените и заостанатите ставки на побарувања по колони според критериумите наведени во заглавието на формата и според избраните видови на документи.
Датумите за прометот на податоците за побарувања се вклучени и во заглавието на колоната за информација.
Програмата ќе ги прикаже отворените и заостанатите ставки на обврски по колони според критериумите наведени во заглавието на формата и според избраните видови на документи.

Датумите за прометот на податоците за обврски се вклучени и во заглавието на колоната за информација.

 |
Совет
Износите во колоните Структура на долг, Не достасани отворени ставки, итн. се прикажани во апсолутни вредности.
|
Табот Побарувања и обврски содржи комбинирани податоци од двата таба, Побарувања и Обврски
