Преглед на отсутност
Преглед на отсутност
Ако во Кадри | Календар изберете Преглед на отсутност опцијата, програмата ќе отвори табела со календар. Во оваа табела можете да ги следите отсутностите на поединечен вработен кој можете да го изберете од листата за пребарување.

Прегледот на отсутност се состои од две јазичиња:
Во менито Волшебник, може да изберете помеѓу три опции: Нова отсутност, Избриши отсутност и Промена на типот на отсут.

Може да прелистувате низ табелата со клик на стрелките,
кои покажуваат лево и
кои покажуваат десно. Во зависност од годината која сакате да ја видите на екранот.
1.1 Заглавие на прегледот на отсутност

|

|
Во заглавието можете во Филтер полето да изберете типови на записи според статусите на вработените. Можете исто така да ја изберете опцијата Сите статуси . |
|

|
Во полето Календар може да изберете еден или повеќе типови на календар од паѓачкото мени:
- 000 - Главен календар на компанијата;
- 001 - Календар на компанијата;
- 002 - Календар производство;
- 003 - Календар за набавка;
- 201 - Отсуство, Боледување;
- 202 - Фактички работни часови;
- 220 - Интервјуа;
- 400 - Управување со патувања.
|
| Работни саботи |
Ако ја изберете оваа опција, програмата ќе ги вклучи и саботите при внесот. Ако веќе сте ја избрале оваа опција во личните досиеја на вработените, програмата ќе ја прикаже и во формата за преглед на отсутност. |
| Работни недели |
Ако ја изберете оваа опција, програмата ќе ги вклучи и неделите при внесот. Ако веќе сте ја избрале оваа опција во личните досиеја на вработените, програмата ќе ја прикаже и во формата за преглед на отсутност. |
| Неработни денови |
Со избор на оваа опција, ќе се прикажат и неработните денови. |

(Неделен преглед) |
Ако кликнете на ова копче, програмата ќе го прикаже неделниот преглед. |

(Месечен преглед) |
Ако кликнете на ова копче, програмата ќе го прикаже месечниот преглед. |

(Квартален преглед) |
Ако кликнете на ова копче, програмата ќе го прикаже кварталниот преглед. |

(Годишен преглед) |
Ако кликнете на ова копче, програмата ќе го прикаже годишниот преглед. |
1.2 Десна страна на прегледот на отсутност

| Вкупен одмор |
Вкупниот број на денови и часови кои вработениот ги има преостанати за одмор. |
| Преостанат редовен одмор |
Преостанатиот број на денови и часови кои вработениот ги има за одмор. |
| Минатогодишен одмор |
Бројот на денови кои вработениот ги има од минатогодишниот одмор. Вработениот може да го искористи овој одмор до одреден датум. |
| Преостанат минатогодишен одмор |
Бројот на денови и часови кои вработениот ги има преостанати од минатогодишниот одмор. Вработениот може да го искористи овој одмор до одреден датум што сте го дефинирале во панелот за одмор во Администраторска конзола | Подесувања | Параметри на програмата | Кадри. |
| Редовен |
Бројот на денови и часови кои вработениот ги искористил како редовен одмор во тековната година. |
| Вонреден одмор |
Бројот на денови и часови кои вработениот ги искористил како вонреден - платен одмор. |
| Студиски одмор |
Бројот на денови и часови кои вработениот ги искористил како студиски одмор. |
| Боледување |
Бројот на денови и часови кои вработениот ги има преостанати за боледување. |
|
Боледување повеќе од 30 дена
|
Бројот на денови и часови кои вработениот ги искористил како боледување и кои биле подолги од 30 дена.
|
| Отсутен без одмор |
Бројот на денови и часови кога вработениот бил отсутен без одобрение. |
| Воена служба |
Бројот на денови и часови кога вработениот бил отсутен поради воена служба. |
| Друго |
Отсутност поради други причини кои не се спомнати погоре. |
 |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да видите отсутност за поединечен вработен, прво мора да ја извршите функцијата пресметка на годишен одмор во панелот Кадри | Лични досиеја | Отсутност | Параметри на одмор!
|
 |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Во панелот Администраторска конзола | Подесувања | Кадри | Одмор, ако ја изберете опцијата Активни вработени во календар, програмата ќе прикаже само активни вработени. Активни вработени се оние кои во заглавието на личните досиеја ја имаат избрано опцијата Активен.
|
 |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да ги видите патувањата во календарот, мора во Администраторска конзола | Подесувања | Кадри | Патни налози | Општо да го дефинирате полето Категорија на патување.

|

Во горниот дел на формата може да филтрирате календар според различни статуси на вработените и според типови на календар.

| Филтер |
Изберете статус или оставете Сите статуси за да ги видите резултатите за сите видови на вработување. |
| Календар |
Ограничете го прегледот според одреден тип на календар или изберете повеќе од листата на вредности. |
 |
Предупредување
По изборот на филтер за статус и тип на календар, треба да го притиснете копчето за да се применат сортирањата.
|
Отсутностите можат да се филтрираат и прегледуваат во табела. Опции за филтер:
| Работници |
Изберете вработен или оставете празно за да ја видите отсутноста за сите вработени |
| Оддели |
Ограничете го прегледот според одреден оддел или оставете празно за да ги видите сите оддели |
| Вид на отсутност |
Ограничете го прегледот според одреден вид на отсутност или оставете празно за да ги видите сите видови на отсутност |
| Работни места |
Ограничете го прегледот според одредено работно место или оставете празно за да ги видите сите работни места. |
| Носител на трошоци |
Изберете носител на трошоци или оставете празно за да ги видите отсутностите за сите носители на трошоци |
| Датум од |
Ограничете го прегледот со внесување почетен датум. |
| Датум до |
Ограничете го прегледот со внесување краен датум. |
 |
По внесување на критериумите кликнете на копчето за освежување за да ги прикажете резултатите |
Прикажаните колони се:
| Работник |
Број на вработен |
| Име |
Име на вработениот |
| Презиме |
Презиме на вработениот |
| Раб. место |
Позиција на вработениот |
| Оддел |
Оддел на вработениот |
| Носител за трошоци |
Носител за трошоци на работникот |
| Вид на отсутност |
Категорија на отсутност и име на категоријата |
| Датум |
Датум на отсутност |
| Почеток |
Број на минути од денот почнувајќи од 0:00 до времето на почеток |
| Почеток |
Време на почеток на отсутноста |
| Крај |
Време на крај на отсутноста |
| Крај |
Број на минути од денот почнувајќи од 0:00 до времето на крај |
| Боја |
Прикажана боја на отсутноста во прегледот на календарот |
| Календар |
Број на тип на календар |