Во странска валута
In FCY
Налози за плаќање кон странски добавувачи, може да бидат креирани на следниот начин:
- директно од документото за прием во м.Материјално преку користење на функционалностите на табот Плаќања
- или, налози за плаќање може да бидат креирани преку м. Финансии - Платен промет - Припрема на налогот за плаќање - Странство.
За да може да се креираат налози за плаќање кон странство, потребно е да бидат дефинирани следните податоци:
1. Шифрарник на видови документи
Шифрарник на видови документи за налог за плаќање. За да може да се користи модулот девизна ликвидатура, потребно е првично соодвтено да се дефинираат документите за девизна ликвидатура.
Се внесуваат следните податоци:
- Плаќач ( за делот 1 од образецот 1450)
- Банка за извршување на уплата во странство ( за делот 2 од образецот 1450)
- тип на ликвидатура - се одбира Странство ( 1450)
2. Шифрарник на прилив/одлив
Шифрарникот на прилив и одлив кој може да се дополни и при самата изработка на образецот 1450
3. Шифрарник на партнери
Во Шифрарникот на партнери се внесуваат следните податоци:
Странската Банка, преку која ќе се изврши девизната трансакција. Се внесуваат основните податоци за странската Банка. Во полето за внес на жиро сметка, може да се внесат податоци за точниот број на трансакциската сметка, кја се испишува во полето 6 од образеот 1450. Во овој панел, се внесуваат и податоци за SWIFT кодот на странската Банка, кој се користи при креирањето на образецот 1450.
Шифрарникот на партнери се дополнува и со податоци на странски Банки за партнерите - добавувачи. Овој внес не е задолжителен, меѓутоа истиот ја поедноставува изработката на образецот 1450. Во Шифрарникот на пратнери, овие податоци се внесуваат во табот Сметки - Девизни сметки.
4. Шифра на основа на одлив
Во царинските податоци во Шифрарникот на материјалните средства, се внесува шифра на основа на одлив. Овој внес не е задолжителен, меѓутоа истиот ја поедноставува изработката на образецот 1450
Документите кои ќе бидат прикажани во долниот дел на проорецот, а за кои не е креиран образец 1450, зависат од подите кои ќе бидат внесени во критериумските полиња:
Видови на документи |
Избор на видови на документи за кои е потребно да се креираат налози за плаќање. |
Добавувач |
Пребарувањето на документи за кои е потребно да се креира налог за плаќање, може да се ограничи на одреден добавувач |
Документ од |
Пребарувањето на документи за кои е потребно да се креира налог за плаќање, може да се ограничи и според датумот на документот за прием |
Документ до |
Пребарувањето на документи за кои е потребно да се креира налог за плаќање, може да се ограничи и според датумот на документот за прием |
Доспева од |
Пребарувањето на документи за кои е потребно да се креира налог за плаќање, може да се ограничи и според датумот на доспевање на документот за прием |
Доспева до |
Пребарувањето на документи за кои е потребно да се креира налог за плаќање, може да се ограничи и според датумот на доспевање на документот за прием |
Документ 1 |
Пребарувањето на документи за кои е потребно да се креира налог за плаќање, може да се ограничи и според документот 1 од документот за прием |
Документ 2 |
Пребарувањето на документи за кои е потребно да се креира налог за плаќање, може да се ограничи и според документот 2 од документот за прием |
Валута |
Пребарувањето на документи за кои е потребно да се креира налог за плаќање, може да се ограничи на валута од документот за прием |
Статус |
Избор на статусот на документ за кој е потребно да се креира налог за плаќање. На располагање се две опции:
- Сите – приказ на сите документи, потврдени и не потврдени
- Потврдени – приказ само на потврдените документи
|
Плаќање |
Избор на начин на плаќањеizaberemo način selekcije podataka o neplaćenoj obavezi:
- Сите- во ликвидатура, понудениот износ нема да зависи од книжењето во Главна книга, односно Програмот неплатените обврски ќе ги пребара во м. Материјално и износот за плаќање ќе зависи од вредноста во полето Износ на документ - Износ за плаќање
- Неплатени - во ликвидатура, понудениот износ зависи од тоа дали документот е книжен или не, односно ќе бидат понудени сите документи за кои образец 1450 не е креиран:
- а) доколку документот сеуште не е книжен: целокупната вредност од докуементот од полето За плаќање
- б) доколку документто е книжен: неплaената обврска програмот ја пребарува во м. Финансии. При ликвидатура, понудената вредност ќе претставува разлика помеѓу книжената обврска во Главна книга и делумното плаќање на износот.
Доколку фактурата е претплатена, во понудена вредност ќе стои вредност 0!
|
Собери |
Со кликање на копчето собери, во долниот дел на прозорецот се прикажуваат сите документи кои одговараат на критериумите дефинирани претходно.
На листата на документи, се прикажани само оние документи кои одговараан на претходно дефинираните критериуми, но за кои образец 1450 не е креиран сеуште.
|
 |
Податоците кои се прикажани во долниот дел на прозорецот, едноставно можат да бидат прикажани во вид на испис, со кликање на копчето за печатење
|