 | Loading… |
|
|
Пресметка на камата - документ
Interest Calculation - List by Documents
Во панелот за пресметка на затезна камата, за разлика од пресметката на камата по желба, овде главницата не се внесува непосредно, туку уистата се пренесува од конто картицата. Пресметката се прави врз основа на поврзаниот документ, при што во предвид се земаат сите делумни плаќања, односно сите промени на главницата во каматниот период. Каматите се пресметуваат како и при пресметката на камата по желба, врз основа на каматни стапки кои претходно се дефинирани во Поставките за каматни стапки. За еден документ, камата се пресметува од датумот на доспевање до датумот на плаќање, при што првиот ден на доспевање не се зема во предвид и за иститот не се пресметува камата.
Камати се пресметуваат врз основа на каматните стапки, кои претходно се дефинирани.
Во Шифрарникот на видови на документи, во табот за камати, се дефинира типот на пресметка на камата:

За начинот на пресметка на камата, погледнете:
ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
|
Конто |
Внес на конто за кое пресметка на камата треба да биде направена. Стандарно, ова е контото кое е поставено во параметрите на Програмот - Финансии -Основни податоци. |
Вид на пресметка |
Избор на видот на пресметка:
- Купувач - за пресметка на камата за побарување од купувачи
- Добавувач - за пресметка на камата за обврски кон добавувачи
|
Партнер |
Податоците може да бидат ограничени на одреден партнер |
Каматна стапка |
Избор на каматна стапка од опаѓачкото мени. ( погледнете Поставки за каматни стапки)
Погледнете ја и опцијата "Употреби ја каматната стапка впишана кај партнерот"
Оваа информација е задолжителна. Се внесува кога е потребно да се употреби каматната стапка дефинирана во Шифрарникот на партнери. Во спротивно, Програмот јавува грешка( погледнете Видот на каматна стапка мора да се одреди)
|
Тип на субјект |
Податоците може да бидат ограничени на одреден тип на партнер |
Врзан документ |
Податоците може да бидат ограничени на одреден поврзан документ |
Документ |
Податоците може да бидат ограничени на одреден документ |
Валута |
Валутата, која во поставките на Програмот е дефинирана како примарна. |
Минимален износ на камата |
Од пресметката на камата може да се исклучат оние документи чии износи се помали од внесениот износ во ова поле. Стандарно, вредноста во ова поле е -1, што значи дека нема никакви ограничувања.
Пример, ако во ова поле се внесе вредност 100 ден, пресметката на камата ќе ги изостави оние документи кај кои пресметаната камата ќе е помала од 100 ден.
|
Грејс период |
Од пресметката на камата може да се исклучат оние документи чии денови на каматење се помали од износот впишан во ова поле. Стандарно, вредноста во ова поле е -1, што значи дека нема ограничување.
Пример, доколку во ова поле се внесе вредност 5 дена, Програмот ќе ги исклучи сите оние документи кај кои каматниот период е помал од 5 дена.
|
Номинална каматна стапка |
Во полето за номинална стапка, може да се внесе каматна стапка која ќе се употеби наместо одредена каматна стапка од Шифрарникот на каматни стапки. Оваа опција е корисна кога некое побарување или обврска се камати со позната ревалозризациска или фиксна годишна каматна стапка. Затоа, не е е потребно да се внесе каматна стапка во регистерот, туку едноставно вреддноста со која ќе се камати, потребно е да се внесе во полето за номинална каматна стапка.
Стандарно, вредноста во ова поле е -1 што значи дека дека се користат каматните стапки од Регистарот на каматни стапки.
|
АВАНСИ И ПРЕТПЛАТИ
За исти поврзани документи и како за истите да се пресмета камата? - Доколку претплатата илиа вансот се поврзани за ист поврзан документ, секако ќе влијае тоа на пресметката на врдноста на главницата која се камати. Дали износот ќе се камати или не, влијае на крајната пресметка за камата која во пракса претставува компромис и договор помеѓу двете страни. За пример, погледнете Податоци за прептлатите и авансите.
|
Испис на претплата |
Податокот за вредноста на претплата или аванс и датумот се испишуваат во посебен ред од пресметката на камата. Со тоа, мора да се означи и на што да се пресметува камата.
Доколку полето е изначено, во пресметката за камата се прикажува:
- износ на претплата - доколку фактурата е платена во износ поголем од побарувањето
- износ на претплата - доколку фактурата е платена со авансот, но сеуште не е направено затварање на авансот, така што авансната уплата има ист поврзан документ.
При затварање на авансот, за датум на налогот за книжење се употребува оној датум од кога е потребно да се камати авансираниот износ.
|
Пресметка на камата од претплата |
Пресметката на камата од претплата има негативни вредности и истите се калкулираат од вкупната камата. |
Смалување на главницата за камата на претплата |
При пресметка на камата, пропорционалната каматна стапка не се зема во предвид, затоа пресметката на негативните вредности за камата се одземаат од главницата.
|
Испиши ги вистинските датуми на доспевање |
Бидејќи датумот на доспевање не се зема во предви при пресметка на камата, со кликање на ова копче може да се дефинира дали датумот на доспевање ќе биде дел од каматниот рок во исписо или не
Пример, доколку за еден документ датум на доспевање е 05.02.2020
- доколку ова поле е означено, во исписот прикажан ќе биде каматен период од 05.02.2020 до 10.02.2020
- но доколку ова поле не е означено, во исписот, во каматен период ќе биде испишан периодот од 06.02.2020 до 10.02.2020.
|
Употреби ја каматната стапка впишана кај партнерот |
Доколку во Шифраникот на партнери ( купувачи и добавувачи) е означена опцијата за користење на каматната стапка при каматење, пресметката на камата ќе се :
- во случај ова поле да е означено, ќе се употреби онаа номинална стапка која е внесена во Шифраникот на партнери. Доколку полето е означено, но не е дефинирана вредност на каматна стапка, во тој случај како каматна стапка ќе се користи вредноста која е внесена во полето Номинални каматни стапки.
- доколку ова поле не е означено, ќе се земе во предвид номиналната каматна стапка
|
ОСТАНАТО
|
Припишување на камата на главница |
Оваа опција има примена, кога се работи за фински каматни стапки.
Некои договорени клаузули одердуваат да каматите се пресметуваат месечно или во следниот каматен период да не се припишуваат на главницата. Како такви примери се ревалоризациските , реалните или двата вида на камати кои не се припишуваат на главницата.
- Припиши ревалоризациски - претпоставка дека оваа опција е означена, во следниот каматен период, главницата се приппишува на ревалозирциската камата.
- Припиши реални - претпоставка дека оваа опција е означена, во следниот каматен период, главницата се припишува на реалната камата.
|
Статус на документите |
Избор помеѓу следните статуси на документи:
- Отворени– пресметка на камата само за отворените ставки
- Затворени– пресметка на камата само за затворените ставки
- Сите - Пресметка на камата за сите документи
|
ПЕРИОД НА КАМАТЕЊЕ
|
Датум од - до |
Се внесуваат датумските критериуми за ограничување на периодот на каматење. Овие датуми имаат различно значењево однос на статусот на документот:
- за документите кои имаат статус "Отворени" - Пресметаните камати се од каматите на документите кои офговараат на претходниот критериум и се однесуваат само за периодот од -до. Тоа значи дека при пресметката мора во Датум од задолжително да се одбере првиот ден во месецот, додека пак во Датум до последниот датум во месецот
- За документите кои имаат статус "Затворени" - датумски граници се датумите кога се платени документите,односно датумот кога е затворен документот. Пресметаните камати се каматите од документите кои одговараат на претходниот критериум
- за документите со статус "сите" - датумски граници се:
- за отворените документи - датумот на доспевање
- за затворените документи - датумите на плаќање односно датумот кога е затворен документот
Пресметаните камати се камати од документите, кои одговараат на претходно дефинирание критериуми и тоа само за дефинираниот период ОД - ДО. Притоа што, во Датум од задолжително се внесува првиот датум од месецот, а во Датум до се внесува последниот датум во месецот.
|
Пресметка за затворени до датум. |
Доколку се пресметува камата за документи кои имаат статус Затворени или сите, се поставува прашање дали од датумот кога документот е затворен, до крајот на периодот се пресметува камата. на затезната камата, кои биле пресметани во периодот на пресметка .
- со означувањето на ова поле, се пресметува затезна камата на затезната камата од денот кога документот е затворен до датумот внесен во полето Датум до.
- полето не се означува доколку затезна камата се пресметува само до денот кога е затворен документот.
|
Пресметка на поставки без субјект |
Стандарно, камата се пресметува на салдаконтата и за секој партнер, затоа услов е во позициите на книжење во налогот за книжење, да е наведен партнерот кој е предмет на книжење.
За персметка на затезна камата на контата каде партнер не постои, потребно е да се означи ова копче. За пресметка на камата, услов е поврзаниот документ во книжењето и неготово затварање да се правилно евидентирани.
|
Вид на испис |
Пресметката на камата може да биде прегледана и испечатена во следните видови на исписи:
|
 |
Погледнете лента со алатки за дополнителни објаснувања на функционалностите.
|
 | Loading… |
 | Loading… |
|
|
|