Податоци за одмор
Податоци за одмор
Овој панел служи за следење на отсутноста на вработените.

Отсутноста може да се калкулира на два начина. Во зависност од начинот на калкулација, се внесуваат или одбираат различни податоци:
|
- Доколку одберете Внесени податоци, програмот ќе ги пресмета податоците според внесените податоци во делот „Податоци за внесен одмор“
|
|
- Доколку одберете Формула, програмот ќе ги пресмета податоците според внесената формула во делот „Формула за пресметка на год. одмор“.
|
|
Доколку е поставена ништовна авторизација за видот на отсустност, корисникот нема да има пристап до панелот Отсутност од Персоналните мапи! |
Податоци за внесен одмор
(До овие податоци се пристапува доколку претходно е одбрана опцијата Внесени податоци за пресметка на отсутност)
| Работен стаж |
Во ова поле се внесува бројот на денови за отсутност. Програмот ќе ја пресмета оваа отсутност според регуларниот работен стаж, без зголемувањата на стажот. Со клик на копчето Пресметка се отвара посебно прозорче преку кое се врши пресметка на овие податоци. Во полето Работници програмот автоматски ќе го пополни вработениот од чија персонална мапа е активирана оваа функција за пресметка. За дополнителни информации погледнете го поглавјето Пресметка на годишен одмор. |
| Барања на работата |
Внесуваме број на денови за отсутност кои ќе ги добие вработениот во однос на барањата на работата (во ова поле програмот исто така ќе ги пренесе деновите за отсутност кои вработениот ги добива како додаток на одморот поради условите на работа кои претходно се внесени во шифрарникот на работни места). |
| Деца |
Внесуваме број на денови за одмор кои ги одобруваме на работникот во однос на бројот на деца. |
| Инвалидност |
Внесуваме број на денови за одмор кои ги одобруваме на работникот во однос на неговата инвалидност. |
| Здравствена и социјална состојба |
Внесуваме број на денови за одмор кои ги одобруваме на работникот во однос на здравствената и социјална состојба. |
| Додаток |
Внесуваме број на денови за одмор кои ги одобруваме на работникот како додаток (бонус). |
| Вкупно |
Се пресметува вкупниот број на денови за одмор врз основа на претходно внесените податоци. |
| Минатогодишен одмор |
На крајот на годината, програмот ќе ги префрли неискористените денови за одмор на вработениот во полето Минатогодишен одмор. Можете да го дефинирате датумот до кога вработените смеат да го користат овој одмор, во Администраторска конзола | Подесувања | Кадри | Одмор. Доколку овој датум не важи за сите вработени подеднакво, можеме да го избришеме со функцијата „Бришење на неискористениот минатогодишен одмор“ од Волшебникот
која ни отвара посебен прозор за бришење на неискористениот одмор. Програмот автоматски го исполнува полето Работник со моментално избраниот вработен прку кој пристапуваме до оваа функција. Повеќе за ова погледнете во поглавјето Бришење на минатогодишен одмор! |
| Додаток на одмор по формула |
Во ова поле се внесува вредност која програмот ќе ја користи во формула за одмор како #Dodatek# (#Bonus#) варијабла. |
| |
|
Формула

| Формула |
(Доколку претходно е избрана опцијата Формула). Во ова поле се одбира формулата за тековно одбраниот вработен. |
Податоци за раб. стаж и минатогодишен одмор

Датум на влез
(во претпријатието) |
Програмот автоматски го пополнува ова поле според внесените податоци во панелот Работна книшка. |
| Датум за пресметка |
Во ова поле програмот ќе ја пополни датата за пресметка наработниот стаж, според тоа што е дефинирано во параметрите за одмор. Доколку не интересира должината на стажот во одреден период, само се менува датумот во ова поле. |
| Одмор се користи од |
Датумот во ова поле е граница (лимит). Вработениот може да почне да го користи одморот по овој датум. Доколку сака да го користи одморот пред овој датум, програмот ќе јави известување дека постои ограничување, но ќе дозволи да се внесе отсуство. Доколку нема завршеток на вработувањето, програмот автомоатски ќе понуди ограничување - 6 месеци од почетокот на вработувањето. Доколку нема завршеток на вработувањето, датумот ќе биде ист како датумот на почеток на вработувањето. За правилно користење на функцијата, датумите за Почеток и Крај во работна Ккнишка мора да се дефинирани. Можете да го промените овој датум по потреба. |
|
|
| Работен стаж за одмор |
Програмот го внесува вкупниот работен стаж во ова пол, според внесениот датум во полето „Одмор се користи од“. |
Историја на годишен одмор
Во овој панел се следи евиденцијата за искористените годишни одмори. Панелот е подаелен во однос на одморите кои биле внесени и одмори кои биле пресметани по формула. Во колоната Минатогодишен одмор се гледа неискористениот одмор од претходната година. Во последната колона Вкупно, се прикажува сумата од сите полиња за одмор во една година. Податоците не можат да се менуваат, програмот ги пополнува автоматски.

Со комбинација на копчињата
и
, овозможено е бришење на пресметаниот одмор по позиции.