Барања

Во овој прозорец, видливи се сите барања направени од најавениот корисник.

Можеме да поднесеме барања за:
- одмор
- боледување
- работни обврски, на пр. предвремено заминување од работното место или задоцнето пристигнување, излез во тек на работно време поради приватни причини и сл.
- други посакувани барања, како на пр. замени, промена на смена, регистрација или промена на погрешно работно време, состаноци, интервјуа и сл.
Барањата се поврзани со однапред дефинирани деловни процеси, што ги прави прилагодливи на специфичните потреби на компаниите или клиентите. Автоматизацијата го забрзува процесот на испраќање и потврдување барања и спречува непријатности со дополнително препраќање на е-пошта, снимање на отсуства и слично. Сите чекори, од испраќање на барањето па натаму, се документирани во апликацијата.
Сите поставки можат слободно да се конфигурираат, на пр. менаџер, вид на отсуство, задачи со различни услови, валидност на потврда, разни пораки, потсетници, испраќање мејлови до вработени или претпоставените итн.
На пример, вработен може да испрати барање директно преку деловниот процес, претпоставениот ќе го добие барањето како Обврска за потврда. Така, вработениот може да го провери статусот на неговото барање во реално време (на пр. во процес на потврда, одобрено, итн.)
 |
ВНИМАНИЕ
Предефинираниот деловен процес за побарувања е поставен во базата на податоци на PANTHEON на Деловни процеси.
Ако сè уште нема деловен процес за додавање барања во базата на податоци, кога ќе кликнете на копчето Испрати во прозорецот, програмата ќе ви врати порака: Недостасува деловниот процес за додавање барања. Ова значи дека овој деловен процес мора да се додаде во базата на податоци или да се увезе преку прозорецот Пренос на шифрарници.
|
Додавањето барање е едноставно со брзото копче Додадете побарување во лентата со алатки на јазичињата Моја евиденција или Барања.