Документи
Документи
Во овој панел можете да ги следите сите документи кои на некој начин се поврзани со поединечниот вработен.

1. Табелата документи ги содржи сите примени, испратени и внатрешни документи во документацијата.
2. Долниот дел од формата прикажува табови со подетални информации за избраниот документ.
- Врски: Овој таб прикажува информации за документите поврзани со избраниот документ.
- Мета дата: Овој таб прикажува мета-податоци на избраниот документ како што ги внел корисникот.
- Датотеки: Овој таб ги прикажува сите датотеки кои припаѓаат на избраниот документ.
- Лог коментар: Овој таб од формата Документи прикажува информации за тоа која задача е извршена во врска со документот, како и кога и од кого е извршена.
- Локална датотека: Во овој таб можете да ги следите сите документи кои на некој начин се поврзани со поединечниот вработен.
Во панелот кој се отвара за овот таб, Локална датотека, можете да ги дефинирате следни полиња:
|
Вид на документ
|
Во ова поле од табелата за пребарување можете да изберете однапред дефинирани видови:
- Договор
- Анекс на договор
- Диплома
- Сертификат
- Друго
Со двоен клик влегуваме во Шифрарник на видови документи.
|
|
Видовите од 1 до 5 се однапред дефинирани и во шифрарникот на видови документи не можат да се менуваат. Сепак, можеме да додаваме нови видови почнувајќи од 6 натаму.
|
|
|
Назив
|
Називот се презема од шифрарникот на видови документи. Тука не можеме да менуваме или коригираме податоци. Можеме да ги менуваме во Шифрарник на видови документи.
|
|
Дат. на издавање
|
Можеме да внесеме датум кога документот е издаден.
|
|
Дат. на прием
|
Можеме да внесеме датум кога вработениот го примил документот.
|
|
Датум на важност
|
Можеме да дефинираме датум до кога важи документот.
|
|
Назив
|
Кога ќе го избереме патот до документот, треба да додадеме име (назив) на документот, да го именуваме.
|
|
Документ
|
Прво го поставуваме патот до документот, со десен клик во полето ќе се отвори посебно мени:
- Отвори – програмата ќе отвори прозорец, ако патот до документот е веќе поставен. Исто така ќе се случи со двоен клик на полето.
- Промени - програмата ќе отвори прозорец каде можете да го промените патот до документот и промените ќе важат ако повторно го изберете.
- Додади - програмата ќе отвори прозорец каде можете да го изберете патот до документот.
- Бриши - програмата ќе го избрише патот до документот.
|
|
Напомена
|
Простор за детално опишување на документот.
|
- Поврзан ДМС: Овој таб прикажува информации за сите други поврзани документи за тековно избраниот субјект.
 |
Во овој панел можете да ги следите документите кои се поврзани со вработениот, вклучувајќи документи создадени од Кадри | Форми | Документи! Овие документи може да бидат договори за вработување, анекси, изјави и слично. |