Интерни докуметни за прием
Internal receiving

Интерните документи за прием се симетрични на интерните документи за издавање.
Истите се користат за:
Прием, кои потоа можат да бидат фактурирани во збирен документ,
прием на материјали и суровини креирани преку м. Производство.
зачувување на промените во ценовник.
- евидентирање на ревалоризација на вредноста на залихата
- прием за инвентарен вишок кои се креираат преку Инвентар
Интерните докумнети за издавање не влегуваат во пресметката на ДДВ и за истите не се побаруваат средства од купувачите, затоа се прави само материјално раскнижување на овој вид на документи.
Покрај ова, во останти карактеристики и податоци, документот е еднаков како документ за прием.
Се разбира, можете да најдете помалку податоци во табот со податоци отколку во документот за примање, бидејќи не е потребен во ваков вид документи.

 |
Вкупната вредност на интерните приеми во ценовниот ред е изразена по цени за вреднување. При автоматско книжење ова е вредноста која што ќе биде раскнижена. |
|
Исто така во овие интерни документи за прием има функции достапни со десен клик на маусот, кои се во нивната содржина исти како оние, опишани во поглавјето,на приемна фактура.
Кога станува збор за оние интерни документи, кои што биле фактурирани со збирна фактура секогаш постои врска помеѓу нив. Оваа врска покажува со кој збирен документ се фактурирани овие интерни документи. Овој документ може да биде отворен со двоен клик на бројот на документ во табот Врски.