    
Во новите верзии на PANTHEON е достапна функцијата Групно печатење (Mass printing).
До оваа функција се пристапува преку модул Материјално/Групно печатење или со користење на кратенката CTRL+M.

Прозорецотна функцијата групно печатење е поделена на три tabs.
- Податоци -Во овој дел се подесуваат сите критериуми што подоцна ќе се користат за функциите принт, испис од број до број, испрати по маил
- Подесувања -Во овој дел се подесуваат податоците за испраќање на електронска пошта
- Грешки- Во овој дел се појавуваат сите грешки што ќе настанат при работа со оваа функционалност

Од левата страна на овој прозорец се прикажани сите критериуми по кој може да ја ограничиме оваа функционалност.
Број од- До |
Се избира од-до број на документ за кои би имале понатамошни процеси (принтање на документи, испраќање по маил) |
Издавач |
Овој критериум се користи за ограничување на избор на документите, по издавач. |
Купувач |
Овој критериум се користи за ограничување на избор на документите, по купувач. |
Примател |
Овој критериум се користи за ограничување на избор на документите, по примател. |
Документ |
|
Референт |
Овој критериум се користи за ограничување на избор на документите, по референт/одговорно лице/корисник што го креирал материјалниот документ. |
Начин на достава |
Овој критериум се користи за ограничување на избор на документите, по начин на достава. |
Отпремница од-до |
Овој критерум се користи за ограничување на избор на документи по датум на опремница. |
ДДВ датум од-до |
Овој критериум се користи за ограничување на избор на документите, по датум на ДДВ. |
Сметка од-до |
Овој критериум се користи за ограничување на избор на документите, по датум на сметка. |
Доспева од-до |
Овој критериум се користи за ограничување на избор на документите, по датум на доспевање. |
Вид на документ |
Овој критериум се користи за ограничување на избор на документи по вид на документ. Пример можете да изберете само документ каде што се креираат фактури за месечни одржувања
|
Статус |
Овој критериум се користи за ограничување на избор на документите, по статус на документ. Пример доколку сакаме да ги испратиме по електронска пошта само документите што се потврдени од страна на договорно лице. |
Одкако ќе ги изберете соодветните критериуми, треба да се соберат, односно да се изгенерираат податоците.
Со кликање на копче Собери се пополнуваат податоци во десниот дел на прозорецот.

Согласно поставените критериуми и собраните документи, имаме опција за:
- Ел- пошта -
Со предходно подесување на параметрите за испраќање на електронска пошта од PANTHEON, со кликање на оваа функционалност може да испратите електронска почта кај повеќе субјекти одеднаш. Оваа функционалност е од големо значење доколку имате месечно фактурирање (пример месечно одржување) и фактурите за месечно одржување може да ги испратите одеднаш на почетокна месец. Доколку имате месечно одржување може да ги креирате фактурите со Периодично фактурирање а потоа да ги испратите по маил со фунцкија Mass printing.
- Креирај ПДФ -
Креирање на ПДФ документ со предходно креирани параметри и собрани документи.
За користењена оваа функција, треба да изберете патека каде сакате да се зачува овој ПДФ документ.
- Печати -
Со оваа функционалност имаме опција на групно печатење на фактури од број до број. Избираме од кој до кој број сакаме да се печатат фактурите и потоа кликаме на оваа фунцкија. Оваа функциналност е слична како и онаа во материјалните документи, опција Испис од број до број.
Во ова поле го избирате видот на документ кои сакате да го печатите за сите партнери.
|