Receiving
Прием

Има четири основни типови на прием:
Документ |
прием на добра, кој ја менува состојбата на складиштата и создава обврска кон добавувачот и трошочни фактури. |
Интерно |
интерен прием на добра (на пр. испратница за збирно издавање, реверси). |
Збирно |
овозможува фактурирање на повеќе интерни приемници во една фактура и не ја менува состојбата на складиштето. |
Аванс |
дадени аванси за добра и услуги. |
Податоците од примените фактури се важни не само за правилна евиденција на данокот на додадена вредност. Програмскиот пакет DataLab Pantheon™, поради својата прилагодливост, може да служи и за евиденција на примените фактури. Така, во него можеме да ги чуваме примените фактури за добра и материјали (оние што ги користиме во деловното работење), фактури за трошоците што настануваат во претпријатието и фактури за основни средства. Би било идеално ако ги разделиме тие фактури во три категории, за нив отвориме посебни видови документи и потоа групно да ги следиме.
Дополнителни предности од внесување на сите фактури се:
Преглед |
За проверка на трошоците нема потреба да се гледа во главната книга (кадешто книжењата можат да доцнат ), затоа што можеме да добиеме увид во тоа со разновидни пресметки во познатиот модул. |
Предподготовка за книжење |
Примените фактури кои се евидентирани во програмот, можат едноставно да се прокнижат во главната книга. Поставете конто за трошоци за нив и со автоматско книжење ќе се пренесат податоците во салда контата за партнери во главната книга. |
Нема изгубени или заборавени фактури |
Со оглед на тоа дека сите фактури се чуваат на едно место, нема губење на документи поради несинхронизирано книжење (стар начин: фактури за добра во материјално сметководство, фактури за трошоци и основни средства директно во главната книга) или човечка грешка. Со добар систем во претпријатието, кадешто секоја фактура ќе се внесе во програмот веднаш по нејзиното примање (може да се сторнира подоцна), можноста за губење на податоците е незабележително мала. |
Аналитички алатки |
Модулот “Материјално” има моќни аналитички алатки за салдо контата и главната книга. Кон тоа може да се додаде уште и соодветно шифрирање на трошоците (во шифрарникот на иденти), со што можеме прецизно да утврдиме каде и кога настануваат трошоците. |
Контрола на главната книга |
Исписите од книгата на фактури можат да се споредуваат со исписите на главната книга и така веднаш се утврдуваат евентуални отстапувања. |