PANTHEON™ Help

 Категории
 Главна страна - Добре дојдовте во помош за PANTHEON
[Collapse]PANTHEON
 [Collapse]PANTHEON упатства
  [Expand]Водич за PANTHEON Farming
  [Collapse]Водич за Datalab PANTHEON™
   [Expand]Помош
   [Expand]ПОС
   [Expand]Подесувања
   [Collapse]Нарачки
     Масовно печатење
    [Expand]Масовни Печатења на Нарачки
     ER Дијаграм за Документи за нарачка
    [Collapse]Нарачки на купувачи
      Процес на Нарачките за купувачи
      Реализација на Нарачките за купувачите
     [Collapse]Профактура издадена на купувач
      [Expand]Ред за навигација
       Заглавје
      [Expand]Позиции
      [Expand]Редови на лентата со задачи во нарачка од купувач
       Попуст
       Попуст
       Вредности на нарачка од купувач
       Конверзија на валута
      [Expand]Овластувања над нарачки од купувачи
    [Expand]Нарачки на добавувачи
    [Expand]Креирање на нарачка на добавувачи
    [Expand]Планирање на нарачки
    [Expand]Отпремна листа
    [Expand]Извештај на нарачка на купувач
     Извештај на нарачка до добавувач
    [Expand]Специјални платежни налози
     Изпис UPN
    [Expand]Пребарување нарачки
     Креирање нарачки во странска валута
   [Expand]Материјално
   [Expand]Производство
   [Expand]Сервис
   [Expand]ПОС
   [Expand]Финансии
   [Expand]Кадри
   [Expand]Работна површина
   [Expand]Анализи
    Додатно
   [Expand]Аналитика
   [Expand]Пораки и предупредувања
   [Expand]Системско окружување за Даталаб програми
   [Expand]Официјални објаснувања
    Речник на термини
   [Expand]Дополнителни програми
   [Expand]Застарени производи
  [Expand]Водич за PANTHEON Ретал
  [Expand]Водич за PANTHEON Вет
 [Collapse]PANTHEON кориснички прирачници
  [Expand]Кориснички прирачник Datalab PANTHEON™
  [Expand]Корисничко упатство за PANTHEON Ретал
  [Expand]Корисничко упатство за PANTHEON Vet
  [Expand]Корисничко упатство за ПАНТЕОН Земјоделство
[Collapse]PANTHEON Web
 [Collapse]Водич за PANTHEON Web
  [Expand]Водич за PANTHEON Web Light
  [Expand]Водич за PANTHEON Chronos Mini
  [Expand]Водич за PANTHEON Web Terminal
  [Expand]Водич за PANTHEON Web Legal
  [Expand]Архива на стари производи
 [Collapse]Кориснички прирачник за PANTHEON Web
  [Expand]Најава во PANTHEON Web
  [Expand]Како да започнете со PANTHEON Web
  [Expand]Кориснички прирачник за PANTHEON Web Light
  [Expand]Кориснички прирачник за PANTHEON Web Terminal
  [Expand]Кориснички прирачник за PANTHEON Web Legal
  [Expand]Стара архивa на производи
[Collapse]PANTHEON Гранула
 [Collapse]Водич за PANTHEON Гранули
  [Expand]Гранула Кадри
  [Expand]Гранула Патни налози
  [Expand]Гранула Документи и задачи
  [Expand]Гранула Контролна табла
  [Expand]Гранула B2B нарачки
  [Expand]Гранула Сервис на терен
  [Expand]Инвентаризација на фиксни средства
  [Expand]Гранула Попис на магацини
 [Collapse]Кориснички прирачник за PANTHEON Гранули
   Започнување
   Користење на PANTHEON Гранули во фиктивната компанија Текта
  [Expand]Гранули и активација
  [Expand]Гранула Кадри
  [Expand]Гранула Патни налози
  [Expand]Гранула Документи и Задачи
  [Expand]Гранула Б2Б нарачки
  [Expand]Гранула Контролна табла
  [Expand]Гранула Сервис на терен
   PANTHEON Гранула - FAQ
  [Expand]Инвентаризација на фиксни средства
  [Expand]Гранула Попис на магацин
   Архива
[Expand]Кориснички сервер

Load Time: 453,1317 ms
"
  503 | 650 | 7769 | Review
Label

Позиции

Редови

010379.gif010380.gif010381.gif010411.gif010382.gif010383.gif

Редовите на една нарачка содржат листа на предметите кои можат да бидат додадени, избришани, и сменети доколку е потребно. Можете да додадете редови колку ќе посакате на една нарачка, што значи дека можете да креирате долги нарачки.

Внесете редови во белите низи. Бела низа ќе се појави со самиот клик на белиот простор под најдолниот ред ( или во полето за внесување редови доколку нема редови кои се внесени). Користете ја хоризонталната лента за движење или курсорот да го поместите дисплејот на редови лево или десно.

Додатните функционални копчиња кои се лоцирани над редовите во taskbar of Line panel ви дозволуваат да изведете додатни функции за индивидуална линија.

Како во заглавието на документот за нарачка, регистри и параметри се употребуваат за да го поедностават внесувањето на редовите. Овде истотака, наместо да ги пополнувате сите колумни на еден ред , вие најчесто треба да внесете информација во само две колумни (Предметен ID или Опис и Количина). Сите други полиња ќе бидат пополнети со стандардна информација од Регистарот на Предмети .

Ред Во Ред полето се наоѓа последователниот број на редот и се генерира автоматски. Податоците не можат да се сменат овде  - за можни начини на менување на последователен број погледнете I Волшебници.

Белешка
Со клик на  009096.gif иконата до последователниот број на редот, се отвара прозорец за внесување на белешка за редот на документот. Иконата се менува во  009150.gif. Кога внесувањето на белешката е завршено затворете го прозорецот со клик на  009150.gifиконата. (Погледнете истотака: Внесување на белешка).

Белешката во Белешка полето може да содржи најмногу 256 карактери и може да се разликува од ред до ред. Функцијата е за појаснување  на соодветниот ред без никаква поврзаност со белешката на документот. Со Белешка на Документ можете да определите на пример специјални услови за плаќање кои се валидни за целиот документ(сите редови), а со Белешка за индивидуален ред можете на пример да определите специјални услови за крајниот рок на испорака кои се валидни само за овој ред.

 

Предметен ID Во Предметен ID полето е ID-то на издадениот предмет. Напишете или селектирајте информација од листата за пребарување. Во програмски параметри  изберете информација која што програмот ќе ја прикаже во листата за пребарување кога се пребарува Предметниот ID. Доколку ја селектирате Читај екстерни ID кутијата во програмски параметри, можете да внесете во ова поле истотака ID на Субјект . Откако ќе го потврдите редот, вашиот ID за предметот ќе се прикаже, бидејќи ви ја следите залихата преку вашите ID-ња.
За да барате предмет можете да ја користите истотака и функцијата Пребарување предмети (Ctrl+F) .

Со двоен клик на предметниот ID регистарот на предмети се отвара. Програмот ќе ве намести на моментално користениот предмет.

На овој начин можете да промените одредени податоци во предметниот регистар, истотака можете да внесете нов предмет, и немате потреба да ја затворите нарачката додека работите на неа.

Алт. (алтернатива) Алт. (алтернатива) полето може да биде користено само од корисници на MF лиценца. Вие можете да го внесете бројот на алтернативни BOM кој што ќе биде користен кога ќе се пренесуваат податоци во работни налози. Погледнете Пренос во WO или Креирај WO.
Опис

Во Опис полето е името на предметот. Предметот може да биде внесен во Предметен ID полето, каде што го внесувате ID-то, додека Опис полето ќе биде пополнето автоматски со името на предметот. Или можете да го внесете предметот во Опис полето прво, и Предметниот ID ќе биде пополнет автоматски. Во програмски параметри  изберете информација која програмот ќе ја прикажува во листата за пребарување кога го барате името на предметот.

Можете да го промените описот во документот со надополнување на генеричкиот код на предметот (на пр: STOR) со подетален опис на истиот ( на пр. поправка на машина од пре-фактура 3456/00).
Доколку штиклирате Прикажи екстерни IDs во програмски параметри, можете да внесете во ова поле некое друго име од овој предмет.
За да побарате предмет можете истотака да ја користите  Пребарување на предмети (Ctrl+F)  функцијата.

Е/M Во Е/M  полето  ја внесувате единицата мерка за предметот (стандардната вредност од Регистар на предмети). Вие истотака може да ја селектирате од листата за пребарување или со двоен клик на полето Е/М.
Количина Во Количина полето ја внесувате издадената кличина. По правило количината е 1!
Цена на Единица

Малопродажната цена (стандардната вредност на основа од ценовниот опсег на клиентот од  регистарот на предмети  или листата на цената во договорот). Податоците истотака можат да бидат внесени мануелно. Погледнете го истотака поглавјето ценовен опсег.
Доколку е издадена фактура во валута која е различна од онаа која е селектирана во предметниот регистар или ценовната листа, пресметките се прават според 
банка - ценовна листа во АП | Параметри | Програмски параметри | Компанија | Општо -> Банка - Ценовна Листа полето.
За предмети од сопствено производство со  предметен тип П - Продукт (завршен/полу-завршен продукт) цените може да бидат пресметани на два начина:

  • првиот е на истиот начин како што продажната цена е прикажана на BOM. Цените на  "child" продуктите на BOM се пресметуваат според формула која што се внесува во АП | Параметри | Програмски параметри | Нарачки - BOM Цени формула полето (стандардно според BOM цената од предметниот регистар | Чинење). Збирот на вредностите на  "child" продуктите ќе ја претставува  продажната цена во нарачката од клиент, под услов да во исто време истотака Одново пресметај BOM цена кога Додаваш во Нарачка кутијата е штиклирана во  АП | Параметри | Програмски параметри | Компанија  | Orders.
  • Одново пресметај BOM цена кога Додаваш во Нарачка не е штиклирана, програмот ќе побара за цената на предметот од сопствено производство  како што е опишано погоре. Погледнете го истотака поглавјето ценовен опсег.

За особеностите на стандардните продажни цени со користењето на посебни пресметки на продажната цена погледнете Посебни пресметки за продажна цена од складиште.

Попуст % Во Попуст % полето го внесувате попустот за редот (стандардната вредност на основа од ценовниот опсег  на клиентот од предметниот регистар или листата на договорна цена). Податоците можат да бидат внесени мануелно или преку подесување на попуст за целата нарачка.
Вредност

Вредност за редот не земајќи во предвид ДДВ според формулата: вредност на редот = количина * (цена-попуст).

ДДВ не е пресметан во оваа вредност . Можете да ги смените вредностите во ова поле, според промените , истотака вредноста во Цена полето ќе се промени.

ДДВ Во ДДВ полето се внесува ДДВ-то - стандардна вредност од предметниот регистар или програмските параметри. Информацијата може да биде внесена или селектирана мануелно од Даночни Типови регистарот.
Износ Што Се Должи

Во Износ Што се Должи полето е вредноста со вклучен ДДВ според формулата: за наплата = вредност * ( 1+ ДДВ во проценти). Вредноста која треба да се плати може да биде променета , во овој случај Вредноста на Цена на Единица ќе се промени.

Испратено           Доколку од нарачките за купувач фактура е веќе креирана , во Испратено полето ќе биде објавена веќе испратената количина од овој ред.

Количината во испратено полето се зголемува со секоја испорачана нарачка или се намалува со секоја кредитна белешка за вратени добра. Кредитна белешка за вратени добра ја намалува испорачаната количина, доколку 1) фактурата била креирана преку додавање на нарачка од купувач или 2) кредитната белешка била креирана со додавање на движење-документ "reversal" (препорачана процедура за кредитни белешки)

Пакети

Пакети полето е пополнето со бројот на пакети во редот на нарачката. Вие го селектирате типот на пресметка на пакети во програмски параметри. Бројот на пакети може  доколку се посака да биде заокружен.
Во АП | Параметри | Програмски параметри | Предмети |  Општо -> Провери го Е/М факторот за претварање  кутијата за селектирање можете да селектирате дополнителна контрола за факторот за претварање , определена во првата Е/М со дополнителна Е/М.

Нето Тежина

Ова поле е пополнето со нето тежината, пресметана како продукт од редот и нето тежината на предметот за единицата од Регистар на Предмети. Овде податоците може да бидат модификувани или додавани мануелно - во овој случај информацијата за нето тежината за единица нема да биде зачувана во регистарот на предмети. 

Нето количината секогаш се пресметува според единицата мерка од редот, независно од единицата мерка во Предметниот регистар. 

Бруто Тежина

Ова поле е пополнето со бруто тежината, пресметана како продукт на количината од редот и бруто тежината за предметот од предметниот регистар. Информацијата може да биде модификувана мануелно во овој ред - во овој случај бруто тежината нема да биде зачувана во предметниот регистар.

Бруто тежината секогаш се пресметува според единицата мерка на редот, независно од единицата мерка во Предметниот регистар.

Волуменот

Ова поле е пополнето со волуменот, пресметан како продукт на количината од линијата и тежината, висината и длабочината за единица од предметниот регистар. Информацијата може да биде модификувана мануелно во овој ред - во овој случај волуменот нема да биде зачувана во предметниот регистар.

Волуменот секогаш се пресметува според единицата мерка на редот, независно од единицата мерка во Предметниот регистар.

000001.gif

Тежината и волуменот ЗА ЕДИНИЦА се зачувуваат во редовите на документот, во прегледот на редовите овие податоци се пресметуваат одново ЗА РЕД. Ова мора да биде земено во предвид кога се креираат извештаи и тежините и волуменот мораат секогаш да бидат множени со количината во редот (погледнете пример Извештај за нето тежина, бруто тежина волумент на количина во ред).

Испорака До 

Во Испорака До полето се пополнува информацијата од заглавието на нарачката од купувач и може да биде сменета на ова место. Кога пресметувате достапна залиха, програмот како краен рок на испорака ќе ја користи оваа дата. Пред да ја потврдите нарачката, програмот ќе го провери променетиот датум кој што влијае на пресметките од достапната залиха, доколку датумот на испорака  е во некој од редовите на нарачката од купувач е поминат во споредба со сегашниот. Доколку датумот биде поминат во споредба со сегашниот тоа би значело дека потврдувате нарачка чиј краен рок за испорака сте го пропуштиле. Во таков случај програмот објавува предупредување (погледнете Се обидувате да потврдите нарачка која што е веќе исполнета!).

010414.gifДепартман Овој податок не е задолжителен (полето може да остане празно). Програмот ќе го најде според следниов распоред:
  • доколку департманот е внесен во предметниот регистар,  овој податок ќе остане во ефект поради високиот приоритет.           
  • во спротивно податоците за департманот внесени во заглавието на документот ќе бидат користени. Информацијата за департманот во редот на документот низ Додади функцијата ќе биде пренесена во издади фактура.
010414.gifЦеновен центар.

Во Ценовен Центар полето го внесувате ценовниот центар. Стандардната вредност на ценовниот центар е внесена во предметниот регистар. Сепак може да биде сменета мануелно во ова поле. Информацијата за ценовниот центар ќе го пополни редот на нарачката од клиент доколку дополнително ја поврзете линијата со ценовниот центар (за повеќе информации погледнете го поглавјето Ценовен центар - Нарачка од клиент табот).

Доколку определите во типови на документ  дека да внесете ценовен центар е задолжително, и не го внесете во ова поле, програмот ќе јави грешка (погледнете Ценовен центар мора да биде специфициран!).

Информацијата за ценовниот центар во редот на документот низ Додади  функцијата ќе биде пренесена во издади фактура.

Цена со вклучен Попуст Цена со попуст = цена (малопродажна цена) - попуст на редот. Податоците неможат да бидат променети во редот на документот.
Складиште

Внесувањето на Складиште полето не е задолжително. Доколку складиштето е внесено, кога додавате нарачка од клиент во издади складиште дефинираното складиште ќе биде тоа што ќе биде стандардно.

 Да пренесете податоци до листата за избирање складиштето мора да биде дефинирано, каде оваа функција се користи, во спротивно програмот јавува грешка(погледнете Селектираното складиште не издава предмети преку листата за избирање!).

За да дефинирате складиште е задолжително доколку нарачката ќе биде тврдо алоцирана (погледнете панел Тврди алокации).

Информацијата за складиштето може да биде сменета. Сепак, доколку количината е веќе тврдо алоцирана , складиштето неможе да биде сменето и програмот ќе јави грешка (погледнете Редовите на нарачката се веќе алоцирани , затоа складиштето неможе да биде сменето!).

000001.gif Индивидуален (моментално селектиран) ред може да биде избришан со користење на  005059.gif 005054.gif комбинацијата (погледнете Избриши податок).

Бришењето нарачки од клиенти не е дозволено доколку редот е преместен во работен налог(погледнете Редот од нарачката е преместен во работен налог (xxx)!).

000001.gif Не вие дозволено да бришете ред од нарачка кој што е веќе (делумно или целосно) испратен преку листата за избирање или не можете да осигурате конзистентност на податоците. Кога се обидувате да ибришете таква линија или цела нарачка програмот јавува грешка (погледнете Редовите од нарачката се веќе издадени преку листата за избирање! Неможе да се брише!).
000001.gif Бришењето редови од нарачка којшто се пренесени во листата за избирање, сепак, не сеуште испратени преку истата, е возможно и програмот ќе ги избрише редовите од нарачката како и редовите од листата за избирање. Во тој случај програмот јавува предупредување (погледнете Листа за избирање е веќе креирана за редовите од нарачката! Дали сакате да ја избришете секако?).

 

000001.gif

Може да се сумираат вредностите (количина, цена, ...) со десен клик на позициите:

 

 

 

Постојат неколку скриени колони кои можат да се додадат со десен клик на позициите.

Прво, изберете опција Уреди:

  

потоа Изберете колони

 

Колоните што можат да бидат избрани за документите за изданието се:

Активни
ЕМ2
Вредност на ДДВ

Набавна цена
Мин.Маржа

Погледнете истотака Нацрт на функционирање на Нарачките.

Во поврзаните под-панели се покрај општите податоци за нарачките истотака процедури, функции и прегледи на документ наредени до нарачките:



 

Rate this topic
Was this topic usefull?
Comments
Comment will also bo visible in forum!