 | Loading… |
|
|
Отворени ставки
Отворени ставки
Преку користењето на функционалноста на отворените ставки, може да се генерира извештај за отворените или затворените ставки. Исто така, може да се пребаруваат книжења, да се креираат опомени за отворените доспеани ставки, да се креира извештај на побарувања, понатаму може да се креира преглед на ставките кои ќе доспеат во блиска иднина и сл.
 |
За генерирање на Извештајот за отворени ставки, неопходно е да бидат внесени контата во Администраторска конзола- подесување- финансии. Врз основа на овие конта, програмот прави препознавање дали се работи за Купувач или Добавувач

|
 |
Отворени ставки се оние позиции од книжењата на салда контата/ главна книга, кои немаат против книжење во истиот износ, за истиот субјект, на истото конто, поврзано со истиот документ, за истата валута.
|
Прозорецот за внес на критериуми , кои се поврзани со позициите од налозите за книжење каде се книжени побарувањата и обврските, врз основа на кои ќе биде генериран Извештај за отворени ставки, ги содржи следните полиња:
Вид на испис |
Во Програмот постојат следните системски исписи :
- Отворени ставки, доспеани до _____ (наплата на доспеани Ненаплатени отворени ставки) - овозможува испис на отворени ставки, ограничен на документи кои се доспеани до одреден датум во минатото, а сепак сеуште се отворени, односно станува преглед на отворените ставки, доспеани, но не платени сеуште.
- Состојба на отворени ставки - тоа е најчесто користениот испис. Наменет е за преглед на сите отворени ставки, без обзир на доспеаните документи и плаќања. Се користи на пр кај книжењето на изводи, кога сакаме да утврдиме кои документи сеуште не се платени.
- Отворени ставки на ден ___ (ИОС ) - овозможува усогласување на состојбата на сите доспеани отворени ставки со субјектите на некој одреден ден во минатото, на пр. последен ден во месецот.
- Состојба на отворени доспеани ставки на ден _____ во минатото (испис на сите доспеани отворени ставки) - овозможува испис на сите доспаени, отворени ставки на конкретен датум во месецот . Во прегледот нема да бидат опфатени плаќањата направени по тој датум.
- Преглед на документите, издадени од _____ до _____, платени до _____ (анализа на отворени ставки по датум на документи и датум на плаќања) - контролен испис, кој дава одговор на прашањето кои документи, направени во конректниот период, на одреден датум од минатото, сеуште не се платени.
- Пресметка на отворени ставки по желба - за утврдување на состојбата на отворените ставки, користете ги сите книжења ( Погледнете позиции од налогот за книжење), кои по датумскиот критериум спаѓаат во одбраните податоци. Книжетото ги опфаќа сие плаќања и сите книжени побарувања/ обврски. При овој вид на пресметка, како критериуми се внесуваат последните датуми на доспевање, документи или книжења ( датум до), бидејќи суштината на овој испис е утврдување на отворените ставки и можните грешки при затварањето на докментите и плаќањето.
- Анализа на плаќања - за утврдување на состојбата на отворените ставки, се користат сите документи кои според датумскиот критериум, спаѓаат во одбраните податоци. Овој вид на пресметка служи за посложени анализи на отворените ставки.
Ако креираме извештај по желба без ограничување на датумот и доколку состојбата на овој извештај за друг вид на на испис се разликува, тоа е последица на грешка од затварањето на година или пак имате книжено плаќање, за кое сеуште нема книжено документ. На пр. погледнете Извештај за пресметка на отворени ставки и анализа на плаќање. |
Конто |
Внес на број на конто за кое сакате да биде генериран извештајот. По дифолт, овде е внесено контото кое е подесено бво Администраторска конзола ( Подесување- Финансии- Основни податоци) |
Конто |
Внес на второ конто, кое служи за преглед на извештај во исто време за две конта ( пр. 1200 и 1210 и сл. ) |
Партнер |
Внес на конкретен партнер, за кој сакате да биде изработен извештајот. |
Вид на субјект |
Извештајот може да биде изработен за одреден вид на субјект. |
Оддел |
Извештајот може да биде ограничен на одреден оддел |
Носител на трошок |
Извештајот може да биде ограничен на одреден носител на трошок |
Држава |
Извештајот може да биде ограничен на една држава, во која Субјектот има седиште. |
Критериуми за датум
- При генерирање на извештај за отворени ставки според книжењето, можете да филтрирате по одредени датуми ( датум на доспевање, датум на документ или на книжење), додека пак доколку е потребно да се изгенерира извештај по документи, тогаш може да се одберат почетни и завршни датуми. Програмот за преглед и филтрирање ги користи податоците од истите датумски полиња во позициите на налогот за книжење, каде што се направени книжењата на долговна и кредитна страна како и соодветното плаќање.
Датумските ограничувања меѓусебно се собираат
|
Датум од |
( само во извештаите по документи) прв датум на доспевање на книжените документи ( Погледнете позиции во налог за книжење)
|
Датум до |
Последен датум на доспевање на книжените документи. |
Документ од |
(само во извештаите по документи ) прв датум на документ од кој сакате да биде изработен извештајот на отворени ставки ( Погледнете позиции во налогот за книжење) |
Документ до |
Последен датум на документ заклучно кој сакате да биде изработен извештајот за отворени ставки ( Погледнете позиции во налогот за книжење) |
Книжење од |
( само во извештаите по документи) прв датум на книжење на документ од кој сакате да биде изработен извештајот за отворени ставки ( Погледнете глава на налог за книжење) |
Книжење до |
Последен датум на книжење заклучно кој ќе биде изработен изветајот за отворени ставки.
|
Плаќање од |
Исписот на отворени ставки може да биде ограничен на одредено плаќање од конкретен датум
Напомена: и понатаму, како примарни датуми кои се зимаат во предвид се датумите кои се внесуваат во таб. Отворени и таб. Доспеани.
|
Плаќање до |
Исписот на отворени ставки може да биде ограничен на одредено плаќање, заклучно конкретен датум.
Напомена: и понатаму, како пирамтни датуми кои се зимаат во предвид се датумите кои се внесуваат во таб Отворени и таб Доспеани.
|
Износ |
Ова поле се пополнува кога е потребно да се изгенерира извештајот Преглед на документи издадени од до, платени од до како и кај Анализа на плаќањата по докуементи.
Сите плаќања по датумот кој е внесен како критериум, нема да бидат вклучени во извештајот.
|
Валута |
Извештајот може да биде ограничен на конкретна валута во која книжењето е направено. Доколку ова поле е оставено непотполнето, тогаш извештајот за отворени ставки ќе биде прикажан во сите валути. |
Документ |
Извештајот може да биде огранилен на одреден интерен документ и за полесно пребарување на документот, на располагање се посебните карактери во PANTHEON. |
Поврзан документ |
Извештајот може да биде ограничен на одреден поврзан документ. |
Само отворени |
( само кај извептаите по документи) полето се означува, доколку потребно е извештајот треба да ги опфаќа само потврдените отворени ставки. ( Погледнете пример). Секако оваа опција влијае на извештајот само ако го ограничиме со било кои други датумски критериуми ( датум на доспевање, документ, датум на книжење и сл)
|
Вид на отворени ставки |
Во извештајот за отворени ставки и извештајот за анализа на плаќања, може да се селектира кој вид на одтворени ставки да бидат прикажани:
- Купувачи – отворени ставки за купувачите
- Добавувачи – отворени ставки за добавувачите
- Вклучи ги и претплатите- – во исписот ќе бидат вклучени и ставки каде што износот примен/ платен е поголем од износот на примената/ издадена фактура
Опцијата да се вклучат и претплатите е возможна само кај исписот за Анализа на плаќања по документи ( погледнете пример за Неправилно затварање на докуемнти). Кај останатите видови на исписи, изборот на пресметка на отворените ставки е автоматски
Видот на отворени ставки кај купувачите автоматски е одбрано конто со аналитика 1, додека пак видот на отворени ставки за добувавувачите е одбрано конто со аналитика 2.
|
Статус на документот |
Селекција на статусот на документ во зависност од периодот на доспевање на документот:
- Отворен – документи, кои согласно зададените критериуми, сеуште се отворени
- Затворен – документи, кои се затворени согласно одбраните критериуми.
- Сите – сите отворени и затворени документи се прикажани
|
Износ |
Доколку на контото кое е книжено е досволено книжење во девизна валута, тогаш може да се се одбере балута во која ќе биде генериран извештајот:
Доколку книжењето е на конто во домашна валута, тогаш извештајот треба да биде идентичен согласно двата критериума.
|
Салдо на дебит |
Доколку означено ова поле, ќе бидат испишани само позиции кои имаат долговно салдо. |
Салдо на кредит |
Доколку е означено ова поле, ќе бидат испишани само позициите кои имаат кредитино салдо |
Референт |
( само за извештаите по референт) извештајот може да биде ограничен на одреден референт. Во детално по референт и Сумарно по референт, референт е личноста која го потпишала документот за прием / издавање |
Сортирано по износ |
( само во извештаите сумарно по субјекти) доколку ова поле е селектирано, тогаш отворените ставки ќе бидат сортирано согласно износот за плаќање |
Израмнето салдо |
(само во извештаите сумарно по субјекти) доколку ова поле е селектирано, само позициите кои имаат израмнето салдо ќе бидат прикажани. |
Вид на испис |
Постојат различни видови на исписи:
|
 |
Кај сите видови на исписи има различни критериуми кои се достапни за избор.
|
 |
Датумот како критериум употребен во во документот ( пр. Доспева до) е прикажан во горниот дел на исписот. За да се прикаже индивидуалниот датум на доспевање од извештајот погледнете Датумски критериум во испис. |
 | Loading… |
 | Loading… |
|
|
|