Документи

Модулот Документи претставува централна контрола врз сите документи во документацијата овозможувајќи на корисниците да ги прегледуваат, уредуваат, импортираат и експортираат документите во документацијата.
До модулот се пристапува од главното мени Подесувања | Документација | Документи.
Во продолжение е опис на модулот и неговите елементи.
 |
совет
За користење на модулот Документи и поврзаните функционалности следете го примерот од Корисничкото упатство.
|

1. Лента со алатки: Лентата со алатки се наоѓа во секој PANTHEON модул во горниот десен агол од прозорецот. Специфичните карактеристики за модулот Документи се видливи со кликање на копчето
(Увоз/Извоз на податоци):
2. Филтри: Повеќе филтри се достапни за полесно пребарување на документи.
3. Табела со документи: Табелата ги содржи сите примени, испратени и интерни документи во документацијата.
4. Долниот дел од модулот содржи детални информации за селектираниот документ.
- Врски: Ова јазиче прикажува информации за документите поврзани со избраниот документ.
- Мета дата: Ова јазиче ги прикажува метаподатоците на избраниот документ внесени од корисникот.
- Датотеки: Ова јазиче ги прикажува сите датотеки што припаѓаат на избраниот документ.
- Лог коментар: Ова јазиче од модулот Документи прикажува информации за тоа која задача е извршена во однос на документот, како и кога и од кого е извршена.
5. Преглед на документи: Овој дел од прозорецот вклучува голем број опции за прилагодување на прегледот на документот. Дополнителна карактеристика
(Додај воден жиг на документот) се појавува во лентата со алатки за преглед на документи.