Summary Reports
Контролни исписи
До контолните исписи од модул материјално може да пристапите преку модул Материјално/Контролни исписи.

Во менито на контролни исписи има:
- Контрола на прометот - за пребарување на прометот во модулот Материјално, онаму каде не е внесена цена за вреднување ( податок кој недостасува за книжење на раскнижената роба) или во позиција на документот каде не е внесена количина на прием или издавање.

- Контрола на збирните документи - контрола помеѓу интерните приеми/ издавања и поврзаните документи за нив.

- Преглед на избришани документи -преглед на документи што се избришани во модул материјално. Овде има преглед со дата на бришење и корисник што го избришал бројот на документ.
