Додавање и бришење на корисници
Додавање и бришење корисници
 |
Само корисниците кои имаат SysAdmin привилегии на SQL серверот можат да додаваат или бришат корисници. За повеќе информации погледнете SysAdmin корисници. |
Додавање и бришење корисници
Можете да доделите статус на корисник на било кој партнер внесен во Шифрарникот на партнери!
Креирањето на корисник од внесеното контакт лице може да се изврши на два начина:
- Преку прозорчето за контакт лица на партнерот со користење на копчето "Креирај корисник", со што се отвора администраторската конзола - види инструкции за додавање на корисникот преку контакт лица на партнерот овде.
- Со избирање и внесување на сите потребни информации директно во самата администраторска конзола, каде што од функциите на администраторската конзола, прво одберете ја опцијата "Додај корисник" да продолжите со внесувањето на содржината.

Корисникот е дефиниран со:
Корисник |
Алфанумеричка шифра на корисникот составена од два знака.
Пред да се зачува шифрата, програмот проверува дали корисник со таква шифра веќе постои. Во тој случај програмот јавува порака (погледнете Корисник со таква шифра веќе постои!).
Внесувањето на шифра е неопходно. Зачуваувањето на корисникот без внес на шифра не е возможно (погледнете Внесување на шифра е задолжително! Измените нема да бидат сочувани!).
|
Субјект |
Од шифрарникот на партнери избираме партнер (обично работник, но може и клиент), кому му доделуваме статус корисник на програмата.
Внесот на партнер е задолжителен Затоа, без оваа информација не може да се зачувува корисникот (погледнете Внесување на партнер е задолжително! Измените нема да бидат сочувани!) |
Оддел |
Се избира оддел на корисникот. Овој податок се користи во согласност со соодветните поставки при креирање документи, како пример издадени фактури.
|
Име |
Име на корисникот
|
Презиме |
Презиме на корисникот
|
Група |
Група на корисници на програмот во која припаѓа корисникот
|
- Стара лозинка - Овде корисниците сами поставуваат лозинка. Не е задолжително да се внесе старата лозинка, како што е во менито за поставки за тековен корисник. Освен кога се менува својата лозинка. Само корисниците со доволно авторизации може да променат лозинка. Доколку се внесе погрешна стара лозинка се добива порака за грешка (Погрешна стара лозинка!).
- Нова лозинка - Се внесува лозинка за пристап до SQL серверот. Таа е скриена и прикажана со знак ѕвездичка. Поставете минимална должина на лозинка во програмски параметри.
- Потврди лозинка - Поради контрола мора повторно да се внесе лозинката. Доколку не е успешно (различна од претходно внесената), се добива порака за грешка (Новата лозинка и потврдата на новата лозинка не се идентични!). Повторете ја постапката.
 |
Одделот каде се наоѓа корисникот, се користи ккао предефиниран при креирање нарачки, издавање, прием, пренос итн. во модулот Материјално. |
На лентата со алатки на прозорецот за внес се наоѓаат следниве функции:
 |
Нов корисник - се отвараат нови празни позиции за внес на информации |
 |
Потврди ги подесувањата - ги зачувува промените
Пред да се зачува шифрата, програмот проверува дали корисник со таква шифра веќе постои. Во тој случај програмот јавува порака (погледнете Корисник со таква шифра веќе постои!).
Корисникот го внесуваме на моментално избраната база. Тој може да се копира на други бази откако ќе се потврдат промените.
|
 |
Занемари ги промените - се занемаруваат податоците внесени за корисникот |
Бришење и деактивација на корисници
Корисник може да е избрише со клик на името на десната страна на Администраторската конзола а потоа со десен клик од изборното мени Избриши корисници.
Деактивација се прави со дечекирање на
Активен во десната рамка на Корисници во Администраторската конзола. На овој начин во секое време по желба може да се деактивираат.
 |
Со бришење на корисник се бришат и сите негови поставки!. За ова се добива предупредување со пораката: Дали навистина сакате да го избришете корисникот? |
 |
Корисници може да се бришат само од тековно одбраната база или од сите бази на истиот сервер. Тоа може да се направи со потврда на пораката: Дали навистина сакате да го избришете корисникот од сите бази? |
 |
Не може да се избрише корисник кој е тековно најавен во програмот, поради заштита на пристапот (порака: Не може сами да се избришете!). |
Пренос на корисници помеѓу групи во безбедност на група на корисници..