Извоз на податоци од програмата Pantheon
Извоз на податоци од програмата Pantheon
Во продолжение ќе разгледаме како се одвива извозот на податоци од програмата Pantheon.
До функционалноста за размена на податоци пристапуваме преку темелниците (Парични средства / Книжење / "која било темелница") и иконата на волшебникот
.

На табот Извоз ги подготвуваме податоците за извоз во XML датотека.

Подготовка:
Примени / Издадени фактури |
Го означуваме типот на фактури што сакаме да ги извеземе во XML датотека. |
Типови документи |
Го означуваме типот на документи што сакаме да ги извеземе во XML датотека. |
Пат за извоз |
Ја одредуваме патеката за извоз на XML датотеката. |
Датум на фактура од |
Го внесуваме датумот на фактурата од кој сакаме да ги собереме податоците за извоз на фактури. |
Датум на фактура до |
Го внесуваме датумот на фактурата до кој сакаме да ги собереме податоците за извоз на фактури.
|
Датум на испорака/прием од |
Го внесуваме датумот на испорака или прием од кој сакаме да ги собереме податоците за извоз на фактури. |
Датум на испорака/прием до |
Го внесуваме датумот на испорака или прием до кој сакаме да ги собереме податоците за извоз на фактури. |
 |
Со клик на копчето Собери, ги собираме податоците за извоз, кои пред извозот ги прегледуваме и дополнуваме. |
 |
Со клик на копчето Извези ги извезуваме податоците во XML датотека на претходно одреденото место. |
 |
Со оваа опција можеме да ги прошириме или намалиме сите кандидати за извоз. Овозможува брз преглед на недостасувачките поставки за извоз во XML. За извоз мораат да бидат поставени сите позиции. Во спротивно, датотеката ќе биде неправилна и несоодветна за увоз кај корисникот. |
 |
За правилен извоз на податоци од програмата Pantheon, документот во програмата мора да биде книжен. Имено, затоа што во XML датотеката се извезуваат книжењата а не стоковните позиции на документот.
|
Пред собирањето на податоците ги одредуваме параметрите за избор на податоци и кликнуваме на
. Во табелата десно се прикажуваат во нашиот случај издадените фактури според избраните критериуми.
Она што е важно за извоз е, пред креирањето на XML датотеката да немаме црвени полиња. Црвените полиња претставуваат недостасувачки вредности кои се задолжителни за креирање на правилна XML датотека.

Правилно, овие полиња ги одредуваме еднаш (прв пат) и програмата ги запишува во поставките. Поставките остануваат во програмата за секој следен извоз на податоци.
Тип на книжење е поврзан со Шифрарник на настани. Шифрарникот на настани може да се преземе од веб-сервис. Ова го правиме на табот Поставки.
Податок ДДВ статус е поврзан со Шифрарник ОВД - ДДВ статуси. Шифрарникот на настани може да се преземе од веб-сервис. Ова го правиме на табот Поставки.
Недостасувачките поставки за полето Типови книжења можат да се постават на табот Поставки или директно на табот Извоз од Pantheon. Кога поставките ги додаваме на табот Извоз од Pantheon, програмата нè прашува дали сакаме да ги зачуваме во Поставки.

Со клик на копчето Потврди
поставките се запишуваат на табот Поставки и програмата ги користи за секој следен извоз на податоци. Со клик на копчето
поставките не се зачувуваат за идни извози.
Недостасувачкиот податок во ДДВ статус може да се одреди на табот Извоз од Pantheon, но не се запишува во поставките. Препорачуваме да го поставите на табот Поставки и така ќе биде корисен за секој извоз на фактури.
Така зачуваните поставки, со повторен клик на Собери
, се пренесуваат на сите истовидни позиции.
 |
При извозот на податоци во XML датотека, програмата секој пат проверува дали ги има сите задолжителни податоци за успешен извоз и го предупредува корисникот за недостасувачките вредности. Пред успешен извоз мораме да ги дополниме сите недостасувачки задолжителни полиња, кои се обележани со црвена боја.
|
Во колоната Документ е по дифолт поставена вредноста Издадена_фактура, кога извезуваме издадени фактури. Доколку во поставките ја пополниме табелата Пополнување на називите на типовите документи, вредностите во колоната Документ се пополнуваат според поставките за пополнување на називите на типовите документи.
Кога ќе завршиме со подготовката на податоците, кликнуваме Извези
. Програмата ја подготвува XML датотеката и известува каде може да се најде таа датотека:

Со клик на Потврди, извозот е завршен.
За дополнителни инструкции следете ја врската:
Детални информации за стандардот за извоз и увоз на податоци можете да ги видите тука.