Увоз податоци во програм Пантheon
Увоз податоци во програм Пантheon
Во продолжение ќе погледнеме како тече увозот на податоци во програм Пантheon.
До функционалностите за размена на податоци пристапуваме преку темелници (Пари / Книжење / "било која темелница") и иконите на вештерот
.

На табот Увоз во Пантheon подготвуваме податоци за увоз од XML датотека.

Подготовка:
 |
При увозот на податоци податоците се увезуваат во темелниците на сметководствениот внес на примени односно издадени фактури. Причината за тоа е што при увозот на податоци се креираат и фактури во модулот за стоки (за потребите на ДДВ) како и темелница со книжења на увезените документи.
Сметководствениот внес на фактури овозможува, со еден чекор да се избришат и фактурите на стоката, како и книжењата, ако сакаме увезените податоци поради погрешен увоз нпр. да ги избришеме.
|
Пред увозот на податоци ги определуваме параметрите за увоз на податоци и кликнуваме на
.

Во табелата десно се запишуваат позициите кои планираме да ги увеземе и во нашиот случај се издадени фактури. Црвените полиња претставуваат недостасувачки податоци поради кои увозот во темелницата за сметководствено книжење нема да успее.
Проверуваме поставките за увоз на фактури на табот Поставки и ги дополнуваме соодветно.

Правилно, овие полиња ги определуваме еднаш (првпат) во поставките. Поставките остануваат во програмот за секој следен увоз на податоци.
Минималниот опсег на поставки кои ги бара програмот за увоз на фактури на табот Поставки е:
- поставки на сметки за увоз и извоз на податоци (странска сметка / наша сметка, Ознака на настанот, Идентитет),
- соодветен субјект во Пантheon,
- начин на продажба.
Недостасувачки Субјект можеме да додадеме директно од табот Увоз во Пантheon. Тоа го правиме преку десен клик на глувчето, кога стоиме на полето Субјект во табелата за увоз на фактури (Увозени податоци).

Податоците за недостасувачките субјекти можат при увозот на фактури автоматски да се додадат. Програмот ќе ве праша за тоа со порака:

Со клик на копчето Книжи
се креираат фактури и се книжи темелница за сметководствениот внес на фактури.
Резултатот од увозот е темелница за сметководствениот внес на фактури и фактури:

 |
За ново додадените субјекти е препорачливо да се проверат внесите и да се додадат евентуално недостасувачки податоци кои не се пренесени автоматски (телефонски броеви, контакти, матична бројка, ...).
|
За дополнителни упатства следете ја врската:
Детални информации за стандардот за извоз и увоз на податоци можете да видите тука.