Оглас за слободно работно место

Во модулот Распис на слободно работно место, можете да креирате оглас за работно место и да го објавите интерно или јавно. Со креирање на оглас за слободни работни места во PANTHEON, одговорното лице може да води евиденција и да има преглед на креирани огласи за слободни работни места. Оглас за конкурс е јавен оглас со кој компанијата бара кандидати за слободно работно место и е дел од процесот за вработување.
Подолу е даден пример за тоа како да се создаде ново работно место, од креирање на огласот до објавување на истиот.
 |
ОПИС НА ПРИМЕРОТ:
Катерина Кадри, раководител на човечки ресурси во Текта, сака да креира ново огласување за работно место за работната позиција продавач. Веќе постои во шифрарникот на работни места, што значи дека сè што треба да направи е да креира нов оглас за вработување. Ова го прави на следниов начин:
- Избор на работна позиција за креирање оглас
- Креирање нов оглас за работно место
- Внесување на детали за конкурсот
- Интерно објавување на огласот
- Јавно објавување на огласот
|
1. Избор на работна позиција за креирање оглас
За да креирате оглас за работното место Продавач во малопродажба, одговорното лице го отвора менито Кадри | Вработување | Распис на слободно работно место.
Се отвара образецот Шифрарник на работни места, каде што се води евиденција за работните места на компанијата.
Со користење на копчињата за навигација од лентата со алатки, одговорното лице ја бара саканата работна позиција: Продавач во малопродажба.
Потоа, одговорното лице кликнува на табуларот за консурсот за избраната работна позиција.

2. Креирање нов оглас за работно место
Во панелот Конкурси, одговорното лице може да управува со нови работни места за поединечни работни позиции, да ги коригира постоечките или да ги избрише. Во овој случај, одговорното лице креира ново огласување за работно место кое е веќе внесено во Шифрарникот на работни места.
За таа цел, одговорното лице го отвора панелот Распис на слободно работно место | За конкурсот.
Во полето Конкурс, шифрата за работно место се доделува автоматски.
Во полето Задолжен, одговорното лице го одредува лицето одговорно за спроведување на процесот на регрутирање и интервјуа. Стандардно, програмата го користи одговорното лице кое е внесено во панелот Основни податоци во полето Лидери. Во овој случај, одговорното лице е Пале Продажба, раководител на големопродажба во Текта.
Одговорното лице потоа го избира рокот за пријавување на слободното работно место, односно 30.12.2022, кој се внесува во полето Рок за пријава.

По креирањето на огласот за работно место и внесувањето на бараните клучни информации, одговорното лице ги внесува деталите за огласот за работно место.
3. Внесување на детали за конкурсот
Од суштинско значење е да се дефинираат деталите за секој оглас за слободно работно место за кое ќе се бараат соодветни апликанти.
Одговорното лице ги внесува деталите во панелот Конкурси | За конкурсот на долниот дел на формуларот, како што е прикажано на сликата подолу.
Во овој случај, одговорното лице ја внесува саканата возраст на апликантот. Ова е наведено во полињата Старост од/до.
Бидејќи одговорното лице бара апликантите да имаат сопствен превоз и да се државјани на Република Северна Македонија, одговорното лице избира ДА од паѓачката листа на полето Сопствен превоз и го одредува претпочитаниот избор во полето Државјанство. Податоците за државјанството се чуваат во шифрарник на држави каде се води евиденција за држави и државјанства.
Потоа одговорното лице наведува дека вработувањето се нуди на определено време и дека минималната и максималната понудена плата за работното место е помеѓу 25,000 и 45,000 денари. Одговорното лице го наведува видот на вработување во областа Вид на вработување и условите што се однесуваат на платата во Плата од/до.
Конечно, одговорното лице го одредува Начинот на прехрана. Во полето Работел во, одговорното лице ги наведува видовите на организации каде што апликантот веќе треба да има работно искуство и потоа продолжува на огласот за работно место.

4. Интерно објавување на огласот
Откако огласот за работното место е креиран во Шифрарникот на работни места, одговорното лице треба да го објави.
Прво, одговорното лице внатрешно го објавува известувањето за работното место со кликнување на копчето
(Волшебници) во лентата со алатки и избирање на опцијата Интерна објава.
Се отвора прозорецот Исписи за слободни работни места и кандидати што прикажува различни видови на исписи.
Во овој случај, одговорното лице го избира типот на извештајот: 3ME - Конкурс.
Од паѓачката листа на полето Бр. на конкурс, одговорното лице повторно го избира бројот на огласот за работно место што треба да се испечати.
Одговорното лице кликнува на копчето Испис на долната десна страна од прозорецот.

Во полето Интерно од шифрарникот на работни места, се прикажува датумот на кој е објавен интерниот оглас за вработување .

Одговорното лице продолжува со јавно објавување на огласот за работното место.
5. Јавно објавување на огласот
Јавното објавување оглас за работно место е задолжително за сите работодавци во Република Северна Македонија, што значи дека одговорното лице мора јавно да го објави огласот за конкурс.
Ова се прави со пополнување на Пријава за Потреба од работник и поднесување на пријавата до Агенција за вработување на Република Северна Македонија.
Друг начин за поднесување пријава до АВРМ е електронски преку страницата е-Работа.