
Креирање нов примени аванс од понуда
Во ова поглавје ќе ви ја претставиме функционалноста за креирање нов примени аванс од понуда. Аванси од понудите ги креираме во Волшебникот на модулот Нарачки/Понуди. Врз основа на плаќањето по понудата, лесно креираме нов примени аванс, директно од понудата.
 |
ОПИС НА ПРИМЕР
Одговорното лице сака да креира нов примени аванс од веќе креираната понуда: 22-0100-000008. Тоа го прави така што ја избира соодветната понуда и го користи волшебникот за креирање примени аванс. Во прозорецот за креирање внесува податоци за авансот. На крајот ги проверува врските меѓу документите. Тоа го прави преку следниве чекори:
- Избор на понуда
- Користење на Волшебникот
- Креирање авансен документ
- Поврзани документи
|
1. Избор на понуда
Одговорното лице во главното мени го избира модулот Нарачки/Понуди и го избира подмодулот Список на понуди.

Од списокот ја избира понудата: 22-0100-000008 и со клик на бројот на документот ја отвора.

Се отвора избраната понуда.
2. Користење на Волшебникот
Одговорното лице кликнува на стрелката на копчето
(Волшебници) и го избира Креирај авансен документ.

Се отвора прозорец за креирање авансен документ од понудата за купувачот.
3. Креирање авансен документ
Одговорното лице во прозорецот Креирај авансен документ го остава процентот: 100%, бидејќи понудата е целосно платена.
 |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Програмата при креирање на главата на авансниот документ ги зема предвид податоците од понудата, од која одговорното лице го креира авансниот документ.
За износот на авансниот документ го зема предвид износот За плаќање, во вредносната линија на понудата или согласно внесениот процент.
|
Задолжително е внесување на идентификатор, кој ќе се запише во позицијата на креираниот авансен документ.
Одговорното лице во полето Идентификатор внесува: INDIAN3 и од паѓачката листа го избира идентификаторот: ШАТОР INDIAN 3.
Со клик на копчето Креирај го креира авансниот документ, кој се прикажува на екранот.

 |
СОВЕТ
Доколку сакате да се препишат идентификаторите и ДДВ, кои се на нарачката/понудата, изберете прекинувач Креирање аванс со различни стапки на ДДВ.
|
4. Поврзани документи
Одговорното лице сака да ги провери врските меѓу документите.
Го отвора табот Поврзано во десниот горен агол, покрај табот Основни податоци.

Се прикажува поврзаниот документ на понудата: 22-0100-000008, од која е креиран авансниот документ.
СЛИКА
Одговорното лице го отвора документот со клик на бројот на понудата.
 |
СОВЕТ
И поврзаниот документ на понудата има меѓу поврзаните документи кратенка, преку која лесно се пристапува до креираниот аванс.
|